Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИА: Туѓман бил подготвен да го бомбардира Белград

0
By Нова ТВ on October 9, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бил подготвен да го бомбардира Белград за време на акцијата „Бура“, во случај тогашната Југословенска армија да тргнела во помош на Србите од Краина, објавено е во еден од 300-те неодамна обелоденети документи на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Како што пишува Загребскиот весник „Јутарњи лист“ припадниците на специјалниот одред на ЦИА за Балканот го информирале седиштето во Вашингтон на 21 јули 1995 година.

Меѓу 300-те документи за војната во БиХ, од кои е отстранета ознаката „доверливо“, на десетина страници многу детално е опишана тогашната ситуација во Хрватска, а бил, како што се наведува, предвиден и развојот на некои случувања.

– Нивниот заклучок е јасен – Хрватска ќе тргне во напад на Србите од Краина, пишува во еден од тие документи, додавајќи дека американските оперативци згрешиле во проценката кога ќе се случи нападот, односно дека еден месец пред воената акција „Бура“ тие ги информирале своите шефови дека хрватската офанзива ќе се случи дури на есен истата година.

Разгледувајќи ја можната реакција на Белград на офанзивата на хрватската војска, разузнавачите на ЦИА процениле дека тогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ во одбрана на самопрогласената Република Српска Краина би можел да испрати околу 22.000 војници и 700 тенкови и тешко вооружување.

Високи хрватски претставници ги увериле разузнавачите на ЦИА дека во тој случај Загреб сигурно ќе одговорел со бомбардирање на Белград.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.