Циклонот Ела утрово од јужна Италија премина на јужен Јадран, воздушниот притисок се спушти под 990 хирдопаскали. Големите разлики во воздушниот притисок предизвикаа силни ветрови низ целото крајбрежје на Хрватска.
На места е забележана бура со сила од 150 километри на час. Во Риека силниот ветар достигна брзина од 104 километри на час, во Сплит 90 к/ч, а со нешто помала брзина од 86 километри на час дувал ветар во Макарска.