Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Cinedays сабота: Капланоглу и Криста Бел во Скопје

0
By Нова ТВ on November 18, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот филмски европски фестивал „Синедејс“ се ближи до својот крај, а вечерва скопјани ќе можат да уживаат во филмот „Пченица“ на Семих Капланоглу. Тој е еден од најпознатите турски режисери кој ја има освоено и Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал, е вечерва со нас во Скопје. Капланоглу е претседател на жирито на Cinedays во Oфицијалната селекција.

Фотографија: Криста Бел

Крајот на вечерашните проекции ќе се обележи со концерт на Chrysta Bell, американска пејачка, композиторка, модел и актерка инаку позната и по нејзината телевизиска улога во новите изданија на серијата Твин Пикс.

Годинашното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм – Синедејс се одржува од 09 до 19 ноември 2017 година. Организатор на фестивалот е Младинскиот културен центар – Скопје, а скопската публика и годинава ќе може да гледа 135 квалитетни долгометражни филмови, да се дружи со многубројни гости, 10 дена да присуствува на концерти, како и на 4 филмски работилници. На располагање за проекција на филмската програма на годинашниот Синедејс, ќе бидат сите кино сали на МКЦ, Градското кино „Милениум“, кино салата „Фросина“ и Џебното кино.

Синедејс на посетителите им нуди филмови што „гравитираат“ во неколку веќе познати програмски целини: Официјална селекција, СинеБалкан, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, МК-Кратки филмови, Синедејс+, Студентска програма, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани.

Детали за денешната програма во прилог.

Кино Милениум

„Пеле, раѓањето на една легенда“

17:30

Во оваа биографска драма е прикажан метеорскиот подем на Пеле, од предградијата на Сао Паоло, до предводењето на Бразил до неговото прво освоено Светско првенство во фудбал, на возраст од само 17 години.

„Пченица“

20:00

 Во неодредена блиска еднина, професорот Ерол Елин, генетичар за семиња, живее во град што со магнетни ѕидови е заштитен од мултиетничките емигранти. Од непознати причини, земјоделските плантажи во градот ги зафаќа генетска криза. На еден состанок во седиштето на „Новус Вита“, корпорацијата за којашто работи, Ерол слуша за Џемил Акман, колега генетичар, кој напишал теза за тоа како повторливата криза влијае врз генетски модифицираните семиња. Ерол тргнува на патување за да го најде. Патување што ќе промени сѐ што Ерол досега знаел. Филмот Пченица е во режија на Семи Капланоглу, човекот кој меѓу другите награди ја има освоено и Златната мечка на филмскиот фестивал во Берлин.

„Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“

22:00

Откако поминале неколку месеци без да се најде виновникот за смртта на нејзината ќерка, Милдред Хејс прави храбар чекор, поставувајќи три знака на влезот на нејзиниот град со контроверзна порака упатена до Вилијам Вилоби, почитуваниот градски шеф на полицијата. Кога се вмешува и неговиот заменик, полицаецот Диксон, незрело мајкино синче, борбата уште повеќе се разгорува.

Кино Фросина

 „Хармс“

19:00

Музика и тишина. Креативност и немоќ. Обмислување и лакрдија.
Тој се смета себеси за гениј, но издавачите одбиваат да ги печатат неговите дела. Сака жени, но тие не секогаш го разбираат. Постојано нема пари и е вон допир со реалноста. Елегантното конте Данил Јувачов си го дава себеси името Хармс – име ефективно исто толку колку неговиот изглед. Редовен посетител на бескрајни книжевни собиранки и обожавател на скандали. Живее во општество од кое целосно е одделен. Хармс му пркоси на времето во кое живее, смело впуштајќи се во вителот на реалноста, исто толку нејасна и произволна, со истите контрадикторности, како што е претставена од неговиот дух.

„Дејвид Линч, животот на еден уметник“

21:00

Дејвид Линч нѐ води на едно интимно патување низ формативните години од неговиот живот. Од неговото идилично детство во мало американско гратче до мрачните улици на Филаделфија, го следиме Линч додека ни ги прикажува настаните што му помогнале да се оформи како еден од најенигматичните филмски режисери. „Дејвид Линч: Животот на еден уметник“ нѐвоведува во уметноста, музиката и раните филмови на Линч, ги осветлува мрачните ќошиња на неговиот уникатен свет и на публиката ѝ овозможува подобро да го разбере Линч како човек и како уметник. Како што вели и самиот Линч: „Мислам дека секој пат кога ќе направите нешто, ќе насликате слика или што било, почнувате со идеи, но понекогаш минатото може да ги маѓепса тие идеи и да ги обои, и дури и ако идеите се нови, минатото ги обојува“.

МКЦ

Chrysta Bell

22:30

Chrysta Bell е американска пејачка, композиторка, модел и актерка.

Професионално има соработувано со режисерот и композитор Дејвид Линч, откако двајцата се запознаваат во 1999 година и заедно издаваат два албума жанровски означени како dream pop.

Во нејзината прва телевизиска улога Chrysta Bell го игра ФБИ агентот Tammy Preston во новите изданија на Твин Пикс што се појавија во мај 2017.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.