Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас и ЕУ во потрага по “ново решение добро за сите”

0
By Нова ТВ on January 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

«Ново решение коe ќе биде добро за сите.» Ова е пораката на Алексис Ципрас и неговата победничка Сириза кои во неделата ја освоија власта во Грција.

«Новата влада е спремна да соработува и да преговара за прв пат со своите партнери за да се најде правично, трајно решение кое ќе биде добро за сите», изјави Ципрас додавајќи дека нема да има конфронтација и дека Грција ќе ги разочара сите кои мислат дека земјата оди кон неуспех.

Првите сигнали на ЕУ кон победата на Сириза се очекуваат веќе во понеделник кога Еврогрупата на земјите на еврото одржува состанок во Брисел. Случајноста на календарот прави ова да се совпаѓа со победата на Сириза во Грција. ЕУ, велат експертите, ќе мора веднаш да ја покаже својата волја да преговара со Атина и со новиот премиер но истовремено да му покаже дека мораат да најдат заеднички јазик за да може Грција и понатаму ја користи европската финансиска помош.

ЕУ очекуваше победа на Грција но во неделата вечер беше изненадена од огромниот број гласови кои Сириза ги доби. «Ќе има нови преговори но прашањето е што ќе се преговара – сумите на помошта, што ќе биде тешко, роковите на исплата или двете», вели за агенцијата АФП еден бриселски извор.

Очигледно е дека грчките партнери се спремни, сега кога победата е повеќе од убедлива, да и остават на Грција време пред да седнат да преговараат за планот за помош, изјави францускиот министер за финансии. Според некои извори, веќе се зборува за продолжување на рокот за враќање на траншата за 2015 година од 20 милијарди евра за шест месеци, иако рокот веќе еднаш беше продолжен од декември до февруари.

Сите во ЕУ очекуваат што ќе им каже Ципрас. Дали Грција ќе може следниот месец да ги плати своите функционери. Според италијанскиот министер за европски работи Сандро Гози «победата е важна а сега треба да видиме кои ќе бидат предлозите на Ципрас».

Од 2010 година Грција живее во меѓународна помош која и дава заем од 240 милијарди евра а за возврат очекува спроведување на ригорозен план на штедење. Ципрас вели дека повеќе не сака планови за штедење и бара масивна реструктура на огромниот долг од 177.7 отсто од бруто внатрешниот приход на земјата. Овие две различни позиции најверојатно ќе доведат до тензија помеѓу Брисел и Атина во наредните недели.

За весникот Либерасион кој разговарал со економистот Жак Сапир, враќањето на овој долг треба да се распореди на подолго време а Атина треба да реформира. Според него, разговорите со Ципрас ќе се водат на тој начин: «Треба да се смени рамнотежата: помалку штедење и повеќе структурни реформи. Само тие можат да го зголемат развојот и способноста да се соочи Грција со враќањето на долгот».

За друг економист Пол Де Гров Европа не смее да одбие намалување на долгот бидејќи тоа би била грешка која ќе ја осуди Грција на долги тешки години и со тоа ќе се охрабрат екстремистичките политики и нивниот успех. Ако до тоа дојде, оваа радикализација ќе биде лоша за целата ЕУ и за еврозоната.

Непосредно пред изборите претседателот на централната германска банка Јенс Вејдман имаше потврд став и побара од Сириза да не ветува невозможно. Тој рече исто така дека се надева дека структурните проблеми ќе бидат третирани во админинстрацијата и јавните финансии но и економијата.

Германецот не верува дека ќе има реструктурирање на долго бидејќи тоа се случило веќе два пати и очекува дека јавните финансии на Грција треба да бидат солидни. «Се додека тоа не се случи, нова редукција на долгот само ќе донесе привремено релаксирање» и дека Грција и понатаму ќе прима помош што значи дека земјата ќе треба да продолжи да ги почитува правилата на своите кредитори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.