Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Има Македонци во Грција?

0
By Нова ТВ on January 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алексис Ципрас, водач на грчката партија на радикалната левица СИРИЗА, потсмешливо одговори на прашањето за статусот на македонското и другите малцинства во Грција. Ципрас, зборувајќи во Вашингтон, се заложи за решение на спорот за името и додаде дека Грција нема што да се плаши од малата Македонија, на која сепак ја префрли вината за спорот.

На прашањето на дописникот на МИА како ја оправдува грчката политика да ги попречува правата на Македонците, и на другите етнички заедници во Грција, како Турците или Чамите – Албанците, Ципрас се преправаше дека не знае дека во Грција има Македонци.

– Има Македонци во Грција?, праша Ципрас наместо одговор на прашањето. Откако лица од неговата придружба му ‘објаснија’ дека прашањето се однесува на ‘Скопјаните’, водачот на СИРИЗА рече: “Секако нашата партија е првата партија во Грција која работи во оваа насока да има решение, со географска референца на името, но во исто време мислам дека проблемот е во ако некој во Маке.., во ФИРОМ или во Грција промовира разлики и националистички изуми”.

Иако во своето едно и пол часовно обраќање во институтот Брукингс во Вашингтон, Ципрас зборуваше за Граѓанската војна во Грција и за СИРИЗА како наследник на грчката левица од тој период, сепак одбегна одговор на прашањето за учеството на Македонците во оваа борба.

Во обраќањето во Брукингс, Ципрас повика на раскинување со досегашната грчка политика во односот кон Европската Унија и Германија, но единствената област во која кажа дека идна Влада предводена од него ќе задржи континуитет и нема да прави ‘пресврти од 180 степени’ е токму надворешната политика. Ципрас ова го оправда со заканите кои демнат во регинот, велејќи дека ‘Грција ја нема таа среќа да живее во соседство со земји како Луксембург и Шведска’.

– Сакаме мир и соработка со соседите, но тоа ќе зависи од взаемно прифаќање на правилата на меѓународното право. Имаме разлики и сметаме дека овие разлики треба да се решат со дијалог, а имаме и отворени рани како Кипар. Со поранешната југословенска Република Македонија, нашите односи мора да бидат односи на соработка. Немаме што да се плашиме од мала соседна држава на северот.

Нашата разлика околу името е разлика која треба да се реши, во контекст на взаемно прифатливо решение, со географска одредница. Ова е мислење кое партијата Синаспизмос го имаше уште раните 1990ти години, а кое господинот Самарас кој тогаш беше министер за надворешни работи, не го делеше со нас, изјави Ципрас.

Водачот на СИРИЗА, која според анкетите е на второ место зад Нова Демократија на премиерот Андонис Самарас, а пред фашистичката Златна Зора, во обраќањето во институтот Брукингс не ги штедеше зборовите на критика за македонскиот однос кон Грција.

– Во односите со ФИРОМ не загрижува не толку името, колку национализмот кој се поттикнува таму. Сметаме дека национализмот е најголемиот непријател на мирниот соживот и пријателството меѓу државите. Многу сме загрижени кога гледаме националистички партии како се први во соседна држава и почнуваат да влечат иредентистички политики кои се дел од минатото, рече Ципрас.

Грчкиот политичар е во посета на САД, каде ќе престојува во Сан Франциско, Вашингтон и Њујорк, како што кажа, на средби со сродно мислечки американски аналитичари и активисти. Во своето обраќање, Ципрас изјави дека Грција се наоѓа во состојба на мизерија, и рече дека само со коренито менување на начинот на функционирање на светскиот финансиски поредок ќе може да се спречи нова голема депресија. Тој побара простување на долговите, не само за Грција, туку и за сите други презадолжени европски држави, обвинувајќи ја Германија дека профитира од сегашното промовирање на политики на аустеритет, односно кратење на државните расходи.

– Сметаме дека политиката што ја води Берлин е катастрофална не само за Грција, туку ја става целата европска, а на пошироко ниво и светска економија во ризик, рече Ципрас најавувајќи дека сака одново да преговара за пакетите за европска помош, додавајќи дека евентуалниот банкрот на Грција би значел распад на евро-зоната.

Ципрас упати повеќе пораки до американската администрација, пред се во поздравувањето на американскиот пристап на справување со економската криза. Лидерот на СИРИЗА за ова го пофали претседателот на американските Федерални Резерви Бен Бернанке, за кого кажа дека како економист кој ги изучувал причините за Големата депресија во 1930ите години, знаел подобро да се справи со кризата отколку раководството на Европската централна банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.