Набљудувачите на ЦИВИЛ регистрирале повеќе нерегуларности на изборите, агитации и притисоци, а велат дека во Скопје се пристигнати гласачи од Пустец.
За жал, многумина го бришат мастилото од палецот, што треба да е потврда за извршено гласање. Имаме многу такви повици од целата земја. Половина од нашата екипа на ЦИВИЛ тоа го провери и со влашно марамче успешно го избриша маркерот. Утврдивме дека гласале две лица за кои е заведено дека се починати. Тоа се случи во Ѓорче ПЕтров. Имаме примери на гласно читање на гласачи, како на пр. во Капиштец. Апелираме да не се врши попречување на наши набљудувачи, зашто тоа им се случи во Аеродром во Кисела Вода и на други места, изјави претседателот на организацијата Џабир Дерала.
Уранија Пировска од Хелсиншки комитет соопшти дека полицијата се однесува несоодветно на некои гласачки места.
Изјавите на Дерала и Пировска можете да ги гледате во видеото од прес-конференцијата.