Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе ги следат изборите низ целата земја. Нивната задача е да го набљудуваат изборниот молк и утрешниот ден на гласање.
Покрај акредитираните набљудувачи, Цивил, преку својата мрежа на соработници и активисти, во соработка со повеќе невладини организации во земјата, изборниот процес го набљудува со уште поголем број набљудувачи.
ЦИВИЛ апелира до сите учесници во изборната трка да се придржуваат кон изборниот закон и кон принципите на фер и демократски натпревар и да овозможат слободни избори.
-Бараме од сите политички партии да го почитуваат изборниот молк и строго да се придржуваат кон изборниот закон, соопштува оваа невладина.
Вчера, Цивил ја активираше веб-страницата слободни избори на која граѓан(к)ите можат да пријавуваат изборни нерегуларности.