Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Тензии кај Дом на Градежници-бран гласачи од Пустец

0
By Нова ТВ on April 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар, известува Цивил.

Кај ФФМ неколку набљудувачи забележаа гласачи од Пустец, но и од општините Велес, Струмица, Кавадарци, Аеродром и Бутел, како и гласачи родени во „ХХК“, односно без место на раѓање.

Во ходниците на ОУ Песталоци забележани се вооружени полицајци.

Пред Домот на градежните, припадници на полицијата во униформа и во цивилна облека легитимираат и ги запишуваат присутните новинари, а при тоа одбиваат самите да се претстават пред нив.

Партиски активисти попречувале телевизиски екипи и новинари да ја вршат својата работа на неколку избирачки места во Центар.

Набљудувач на Цивил е попречен во својата работа од страна на изборната комисија на избирачкото место 2839 (Работнички универзитет). По интервенција на Мобилниот тим на Цивил, набљудувачот продолжи со работата.

Јавно прозивање на гласачи во избирачкото место 2854 кај ФФМ.

Според телефонско јавување од еден граѓанин, едно лице се однесувало насилнички кај избирачкото место 2808 во присуство на полицијата која, според јавувањето, не реагирала на ова однесување.

Организиран превоз и агитирање се регистрирани во Житоше, општина Долнени, каде е забележително големо присуство на полицијата. На полициско возило во с. Дебреште, општина Долнени, пред гласачко место е монтирана камера насочена кон влезот во гласачкото место.

Пред гласачкото место 2839 кај Работнички универзитет стојат партиски активисти и ги убедуваат граѓан(к)ите дека гласањето не е денеска, туку на 28 април или ги убедуваат дека тоа не е нивно гласачко место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.