Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ:Институциите се директен актер во нерегуларностите

0
By Нова ТВ on April 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нерегуларности, притисоци, тензии, манипулации, демографски интервенции и друг вид структурно насилство се карактеристика на овој изборен циклус воопшто, а вчерашниот ден на прегласување не беше исклучок од оваа слика, изјавија од граѓанската асоцијација „ЦИВИЛ “ на денешната прес-конференција.

Според нив, болните, лицата со посебни потреби, невработените, децата и младите, корисниците на социјални надоместоци, сиромашните се луѓето кои беа масовно злоупотребувани, уценувани и манипулирани и врз кои падна товарот на недемократското делување на центрите на моќ.

Драстичен пример за тоа ја наведуваат манипулацијата со граѓаните на Пустец, Албанија кои беа злоупотребени и изложени на секаков вид понижувања и јавно жигосување.

Регистрирани се и гласачи на кои во личните документи не им е впишано местото на раѓање, а наместо тоа впишано е „ХХК“.

Меѓу многубројните неправилности кои го свртеа вниманието на „ЦИВИЛ” беа посочени попречување на телевизиски екипи и новинари да ја вршат својата работа, како и малтретирање и физички напад врз нашата новинарка на НОВА која беше удрена од едно лице во избирачкото место 2855 во Дом на градежници, за што Цивил има документирана изјава.

Голем дел од медиумите беа повторно послушни инструменти во рацете на политичките актери и ја потврдија сликата на земја во која слободата на говорот на медиумите е на многу ниско ниво. Овие медиуми придаваа големо значење на активностите на властите, во кои директно се посочени сечење ленти и фрлање лопати кои беа со намера за промоција на кандидатите на овие избори, на крај додаде Анушка од граѓанската асоцијација „ЦИВИЛ “.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.