Поради отсуство, односно одмори на одредени членови на Комисијата задолжена за расветлување нa собраниските настани од 24 декември 2012 година, неформалниот рок, 14 август, за усвојување на извештајот за „црниот понеделник“ е поместен за 24 август.
За десетина дена, односно до 24 август е продолжен неформалниот рок за усогласување и усвојување на извештајот на Комисијата задолжена за расветлување нa собраниските настани од 24 декември 2012 година, велат дипломатски извори за Дојче веле.
Дел од членовите на Комисијата се вратија од одмор, но дел штотуку заминаа, па таа веќе две недели не може да работи во полн состав. На одмор е и надворешниот член на Комисијата, Белгиецот Петер Ванхоуте, па се смета дека со неговото доаѓање составот би бил комплетен.