Министерството за земјоделство на Црна Гора и наложило на Ветеринарната управа да го повлече од пазарот млекото на шест производители од Србија и од Босна и Херцеговина, кај кои лабораториските испитувања покажале висок степен на афлатоксин.
Според наодот на центарот за еколошки истражувања, контаминирани се млеката на Нишката млекара, Имлек – Белград, Имлек – Козарска Дубица, Концерн Фармакон М.Б. Шабац – А.Д. Млекара Шабац, Мегле Крагуевац и Милкоп – Рашка, објавува српски Блиц.
Ветеринарната управа ги испитува и врши контрола на црногорските производители на млеко.