Економската криза и во САД, во свечените денови на инаугурација на претседателот Обама, го намали бројот на баловите, но не и сјајот на свеченостите. Дел од тоа се и фустаните на првите дами.
Мишел Обама овојпат се појави во црвена креација на Џејсон Ву, а американските медиуми ја нарекоа „црвен фустан за победа“.
Првите дами, уште од времето на првата модна икона меѓу сопругите на американските претседатели, Жаклина Кенеди, се во фокусот на вниманието на јавноста. Сите ги коментираат нивните тоалети, а особено во најсвечениот чин на инаугурацијата.