Тисејо: Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас приреди вистински политички земјотрес во Атинапретставувајќи го својот нов политички проект со кој се обидува повторно да ја обедини распарчената левица.
По долг период на шпекулации, Ципрас во Тисејо ја претстави основачката декларација на партијата ЕЛАС (Грчка левичарска коалиција), симболизирајќи нов почеток по неговото повлекување од СИРИЗА.
Името веднаш стана главна тема, бидејќи Ципрас со ова сака да испрати порака за поширок народен фронт, а не за уште една мала партија што само ќе ја пополнува празнината на сцената.
Суштината на новата политичка понуда е спој на силна левичарска реторика и амбиција за преземање на власта преку таканаречен „нов патриотизам“.
Новата партија се обврза на седум клучни столбови кои вклучуваат достоинствен живот за сите граѓани, силна демократија без недопирливи, праведен економски развој, моќна социјална држава, отпорност пред климатски катастрофи, дигитален суверенитет и силна надворешна политика.




