Цивил – Центарот за слобода ја најави трансформацијата и проширувањето на својата мониторинг единица, која сега ќе делува под новото име: Тим на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM). Оваа промена претставува дел од стратешката насока на организацијата кон интегриран и сеопфатен пристап во справување со растечките хибридни закани што ја засегаат Северна Македонија, регионот и Европа.
Претходно фокусирана на следење на дезинформации и пропагандни кампањи, новата единица ќе има проширен мандат. Тој ќе опфаќа анализа и разобличување на: дезинформации, странски операции на влијание, сајбер манипулации и напади, политичко мешање, говор на омраза и други форми на хибридно војување.