Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Балевски: Нападната докторката е со психичка траума, а насилникот е слободен

0
By НОВА ТВ Balaban on January 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како ова лето што имаше напади на болницата, мислам дека никогаш немало… Ни ја скршија и влезната врата. Летово имаше и многу напади врз болницата и од лица во алкохолизирана и состојба под дејство на наркотици. Сме имале и присуство на полиција во болницата и произлегува дека ни тоа нема влијание, за жал. Напад врз лекар треба да се третира како напад врз службено лице  – додава д-р Балевски.

Докторката во инфективното одделение, којашто вчера беше нападната од  пациент кој ја фатил за вратот и почнал да ја дави, е дома и, освен психичката траума што ја преживеала, засега е добро. Но нејзиниот  напаѓач, како што дознаваме, не е ниту приведен, ни изјави директорот на охридската болница, д-р Горан Балевски.

Тој тврди дека охридската болница и вработените веќе подолго време се мета на напади.

– Како ова лето што имаше напади на болницата, мислам дека никогаш немало… Ни ја скршија и влезната врата. Летово имаше и многу напади врз болницата и од лица во алкохолизирана и состојба под дејство на наркотици. Сме имале и присуство на полиција во болницата и произлегува дека ни тоа нема влијание, за жал. Напад врз лекар треба да се третира како напад врз службено лице  – додава д-р Балевски.

На местото на нападнатата докторка денеска друга нејзина колешка прегледува пациенти на инфективното одделение во болницата.

Поголеми последици од инцидентот вчера спречиле некои од членовите на семејството на пациентот, коишто ја оттргнале 62-годишната докторка од рацете на лутиот пациент, кој, оддеднаш, како да го снема – полицијата се уште трага по него.

– Ние сме во постојана координација со јавниот обвинител и СВР Охрид презема мерки со цел пронаоѓање на можниот сторител на физичкиот напад врз вработената на инфективното одделение во охридската болница. Се надеваме дека сторителот ќе биде пронајден и дека спрема него ќе биде поднесена соодветна пријава, ни рече Стефан Димоски, портпарол во СВР Охрид.

Како што неофицијално дознаваме, се уште не е познат идентитетот на насилникот, но мерките водат кон негова целосна идентификација.

Во врска со тоа дали овој напад ќе биде третиран како напад врз службено лице, од СВР Охрид со одговор:

– Зависи како делото ќе биде оквалификувано од јавниот обвинител. Согласно законите, треба да се води како напад врз службено лице. А во однос на претходните напади врз вработени во болницата и други инциденти, се што  било пријавено како нарушување на јавен ред е сработено и поднесени се соодветни пријави – додаваат од СВР Охрид.  

Лекарската комора го осудува инцидентот и бара побрзи измени на КЗ

Лекарската комора најостро реагира и го осудува инцидентот во кој пациент физички нападна лекар на работното место во Општата болница во Охрид. Искажуваме поддршка за нападнатната колешка и благодараност до оние кои реагирале здраворазумно и спречиле поголем инцидент, соопштија денеска од  Лекарската комора на Република С. Македонија.

Оттаму додаваат дека „во услови на пандемија, кај нас како и пошироко во светот насилството врз здравствените работници стана понагласен проблем“.

– Решение за овој предизвик веруваме дека може да се побара во побрзо носење на измените на Кривичниот законик. Имено, Лекарската комора подолго време лобираше и активно беше вклучена во измени на законската регулатива со кои нападот на здравствен работник на работното место ќе се смета за напад на службено лице за што јавното обвинителство ќе покренува кривична пријавата по службена должност и за што ќе има кривична одговорност. За ова да стапи на сила се направија измени на Законот за здравствена заштита кои се веќе донесени, како и измени на Кривичниот законик, кои се во собраниска процедура на носење. Апелираме пратениците во Собранието што побрзо да ги разгледаат и донесат овие законски измени, кои веруваме дека ќе испратат порака дека насилството не ги решава проблемите, туку само дополнително ги комплицира, поради што во случај на спор треба да се бараат системски решенија – велат од Комората.

(Љ.Б.)

 

Горан Балевски. Нападната докторката охридската болница службено лице
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.