Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Коциќ ја демантира лажната вест на Апасиев, дека во Велес немало дежурни аптеки и лекари

0
By Нова ТВ on March 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова лажна вест на Фејсбук објави пратеникот и лидер на „Левица“, Димитар Апасиев, кој тврди дека во Велес и други градови од внатрешноста не работат дежурни аптеки ниту пак има дежурни лекари во болниците.

„Се’ што треба да знаете за “успешното менаџирање” со кризава е дека, во градовите во внатрешноста, за време на полициски час, НЕМА ДЕЖУРНА АПТЕКА и НЕМА ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ во болниците (те пречекува само медицинска сестра – *потврдено од пациент од терен, ноќеска во Велес)!? p.s. До кое дереџе ја урнисавте државава, клептомани едни корумпирани! #ЌеВиситеЗаедно“, пишува Апасиев, во постот полн со невистини, навреди и закани, кој многу бргу достигна над 1200 реакции и десетици оркестрирани споделувања на ФБ страници и групи.

Со демант на оваа дезинформација се јави претседателот на Советот на Општина Велес, Ненад Коциќ, кој е инаку и лекар по струка.

Додека целиот здраствен систем посветено и одговорно работи, во интерес на граѓаните, не знам дали вакви постови се ширење лаги и дезинформации или лешинарство???

„НЕКОИ типови за 10-тина минути присуство на работното место земаат илјада и кусур евра плата, а плукаат по здравствениот систем кој ревносно се бори со најголемото зло на денешницата. НАЈОСТРО демантирам дека во Велес или било која болница во државата, персоналот не е на своите работни места.

Случајно, поради повреда на роднина, се јавив во болницата во Велес… Разговарав со докторот, ме информираше за состојбата. Поради оваа дезинформација проверив на СИТЕ одделенија, СИТЕ доктори, сестри и помошен персонал се на своите работни места. Аптеките работат на повик, секоја вечер има одговорна аптека, ме информираа од Службата за Итна медицинска помош. Го повикувам колегата, ако има малку доблест, да се извини на СИТЕ доктори од внатрешноста, како што вели. Ги поздравувам СИТЕ медицински лица на своите работни места, кои за жал се таргет на несовесни политичари… и им посакувам мирно дежурство“, се вели во демантот на претседателот на велешкиот општински совет, д-р Коциќ, објавен вечерва на неговиот Фејсбук профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.