Д-р Николса Пановски: Вината лежи и кај градоначалничката, а и кај советниците на ВМРО- ДПМНЕ, за кои мислам дека се под влијание на претседателот на партијата. Едноставно ја блокираат Арсовска и гледате дека таа политика многу лошо влијае врз градот, но не и на партијата. Тие не почувствуваа ништо од тоа што му го прават на Градот на парламентарните избори. Почувствува градоначалничката, која доби 1.300 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ го зголеми бројот на гласови.
Но, ова за градот е многу лошо. Најголем парадокс е тоа што си ги блокираат своите програми, односно тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го гласаат тоа што го ставале во програмата за градот.
Дури имаше и донации што советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаа. Некој дава 50 илјади евра за градов, а вие не ги примате, без никаква дискусија. Не сакате ниту на дневен ред да ги ставите. Дотаму оди работата. Линк