Даница Павловска претседател на ААМ ги повика граѓаните утре да ја потпишат петицијата против промена на ГТЦ во барокна зграда, а во 18 часот да дојдат симболично да го прегрнат Трговскиот.
Во 10 часот е потпишувањето на петиција за објектот. „За нас е тој субјект има душа и многу меморија“, вели Павловска.
„Ќе се формира еден жив обрач околу објектот и со тоа граѓани ќе покажат дека го штитат“, рече таа.
Под мотото „Го сакам ГТЦ“ утре попладне група интелектуалци и граѓани ќе го обиколи ГТЦ држејќи се за раце. Според Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), се очекува над 500 граѓани да „го гушнат“ објектот кој е „антологиски претставник на македонската архитектура од втората половина на 20-от век“.
Според Павловска говорници ќе бидат покрај архитектите и обични граѓани, а тоа кажува дека овој собир не е политички, туку граѓански.


