Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да го заштитиме Скопје од психопатија

0
By Нова ТВ on March 2, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ИТАЛИК ———- Пишува Александар Петров

Креативниот и јавен дискурс се уште постои, дури и во денешните времиња кога систематски е уништуван. Тој и понатаму преставува инстинкт кој е појак од кoja било деградација. Сите овие временски и просторни промашувања што ги доживеавме низ годините, може да се анализираат и во поширок контекст, во склоп на некогашната држава.

Агонијата на Балканскиот брод продолжува и во раните 90 ти години, овојпат со ново тежиште преку демократска поставка и самостојност, која до тогаш беше перцепирана како индивидуална, експресивна и либерално – прогресивна. Но, до ден денешен не почувствувавме никаква придобивка на сурплус вредност од сето тоа, а јадот само се продлабочи.

Еден од ретките творци кој успеа да ја увиди таквата миопија, пред времето е Марина Абрамович, која го спозна сето тоа преку поставката Балкан барок . („Златен лав“ на Венецијанското биенале ‘97) . Брилијантно и деликатно дело кое го соголи нашиот див јаз кој следуваше од постсоциалреализмот, а кој патолошки трае и до ден денес. Тоа го изведе преку инсталацијата со масивен и тежок перформанс: чистење на кравји коски во наративата за епот на стаорецот кој се претвара во волкостаорец.

И од денешна гледна точка, ние всушност се уште сме во тој критичен ‘рт , помеѓу политичката применета практика која се движи од Санадер и Јанша, па се до Вучиќ и Ѓукановиќ. Исти процеси, исти маки, константна узурпација, практикување на моќ и клиентелизам, популизам без популис.

Но, за среќа се создаде нов напреден и жилав отпор, кој иако се уште мал, е многу значаен. Отпор кој води најразлични видови на активности и битки , меѓу кои оние најбитните, за заштита на просторот и културното наследство во него. Такви колективни обединувања се појавија насекаде по бившите содржави. Изобилуваа со револт (организација) и делување по градските празнини. Така се создадоа оригинални и самосвесни здруженија кои се трудеа да се заштитат од економската и политичка психоделија.

Срџ е наш, беше слоганот на Дубровчаните кои јавно застанаа во заштита на истоименото брдо кое им остана единствена ресорса за нивните поколенија. Се изборија против изградба на голф терени (израелска инвестиција) каде интерес согледа само корумпираната управа. Огромна партиципација после низ години борба успеа да ја заштити висорамнината од неповрат. Во одбраната се вклучи дирекно и друштвото на архитекти на Дубровник, издаваа дури и свој весник преку кој делуваа на јавната свест и одговорност.

Во Загреб исто така се прочуја познатите граѓански битки за заштита на Цветниот плоштад против изградба на трговски центар и катна гаража. Познати и угледни граѓани легнуваа долж градилиштето за да оневозможат премин на механизацијата, беше дури донесен и контејнер во кој се вршеа дежурства на претпазливост од насилна изградба. Толку беа организирани, што при секој алерт можеа да се мобилизираат за кратко време…

Масивна радвиженост за Заштита на Белград се одвива и периодов, каде група активисти преку движењето Не да(ви)мо Београд се бори против неоснованиот и ад хок одлучен арапско либерален град што треба да никне среде Белград. Граѓанството многу свесно ја почувствува и ја спозна неморалната намера зад сето тоа.

Во Подгорица, се интезивира здружението Кана, за одбрана и заштита на хотелот Подгорица од насилно изработениот урбанистички план кој ја надминува дозволата за висина на висококатница која се гради во близината. Со тоа се уништува едно ремек дело на црногорската модерна архитектура (Здружението го носи името на авторката).

Освен ваков јавен револт, се појавуваат и низа улични активности, како на пример ансамбли (хорчиња), кои интервенираат со јавни настапи и укажуваат на битноста на колективниот простор и потреба од просперитетен град, трудејќи се да ја пренасочат јавната расправа во секојдневната реалност. Нивните изведби се музички нумери кои бараат сензибилитет за најразлични проблематики од кои се засегнати граѓаните, а се повикуваат на меморијата, каде преку стари избрани песни, имплицираат на менталниот простор како најбитен.

Хоркестра делуваат во Белград, Ле збор во Загреб, Комбинатке во Љубљана. Со сета нивна специфичност го анимираат и репродуцираат се повеќе уништениот, разјаден и украден заеднички простор.

Тука намерно го одделив скопскиот активизам заради тоа што тој е поспецифичен и порасчленет, а со времето стана и многу позначаен од горенаведените. Тој прерасна во единствено движење, кое во склоп на околностите понуди оптимизам, а ветува и многу повеќе. Од Распеаните Скопјани, па се до Заштитата на ГТЦ и други урбани битки, се измоделира едно исконско партиципирање кое е во постојан подем и за жал еинствена носечка сила во едно општество кое е тотално отсутно, изгубено, поделено.

Можеби не успеjаа да го заштитат Скопје од психопатија, но се повеќе ослободуваат простор за една различна и оригинална демократија, каде ништо повеќе нема да зависи од партиски лидер или партиско здружение. Секој поединечно ќе мора да се бори за своето подобро во склоп на едно будно и одговорното општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.