Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров:Да не го избереа Џафери така,ништо немаше да се случи

0
By Нова ТВ on September 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи судењето за „крвавиот четврток“ со сведочењето на Никола Тодоров.

Според неговото сведочење, откако на 27 април 2017 година Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, кое според Тодоров, дел од пратениците го направиле во дел каде не требале да го нарават, тој со дел од неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се упатил кон кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

„Слушнавме голема галама, излегов од кабинетот и видов дека голем дел беа влезени во Собранието. Дел од луѓето се упатија кон кабинетот на Вељановски. Јас застанав со еден од неговото обезбедување и дојде до мало кошкање меѓу нас и тие што сакаа да влезат во кабинетот. Но тоа не беше ништо сериозно. Се симнаа надолу кон пленарната сала, видов беше исполнета со луѓе кои воопшто не беа насилни, пееја и вееја знамиња“, објаснуваше Тодоров на денешното судење.

Тој сведочеше дека во текот вечерта му се јавила Радмила Шеќеринска и му рекла дека во прес салата има човек кој најверојатно е мртов. По ова тој повикал медицински екипи и отишол во прес салата.

„Ми се јави Радмила Шеќеринска. Ми кажа дека се во прес-салата, беше во паника. Ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов. Тогаш ѝ се јавив на Тања Баевска, директорката на Здравствениот дом Скопје, да прати екипи на прва помош. Успеав да ги евакуирам Села и Шеќеринска. Него го маскирав во полицаец со значка, а Шеќеринска во докторка со бел мантил, маска, капа и торба. Ги товарив во амбулантно возило и ги однесов во Клиничкиот центар“, сведочеше Тодоров.

Тој уште кажа дека вечерта уште два пати пробал да влезе во прес салата.

„Се упатив кон прес салата, се обидов да влезам, но не успеав. Ме отурнаа некои луѓе и моето обезбедувањето ме извлече и ме однесе во гаражата. Ноќта уште два пати се обидов да влезам, но не успеав. Обезбедувањето ме извлекуваше, сакаа да ме заштитат. Народот беше гневен од начинот на избор на претседател и пеење на албанската химна. Да не се случеше тоа немаше да се случи ништо дента “, сведочеше Тодоров.

На денешното рочиште треба да сведочат уште и Весел Мемеди, Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.