Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се донесат законите за антикризните мерки, има време за политика

0
By Нова ТВ on March 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интерес на граѓаните и стопанството е пратениците што побрзо да ги донесат законите за антикризните мерки кои подолго време се блокирани од опозицијата, апелираат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тие вчера уште еднаш изразија уверување дека законските решенија ќе бидат донесени идната недела за кога е закажана собраниската седница.

Битиќи, според кој февруари ќе биде покриен со плати, порача дека има време за политика. Сега е битно да се донесат законите за поддршката да стигне до граѓаните и компаниите.

-Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место. Очекувам наредната недела законите за економските мерки да бидат донесени. Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна, нагласи вицепремиерот.

Министерот Бектеши повтори, законите да не се блокираат, туку да се усвојат. Мерките, потсети, се таргетирани во консултација со сите комори и синдикати, но и дефинирани како приоритетна поддршка за време на КОВИД периодот.

-Би било добро да не се блокираат законите кои се во интерес на граѓаните, на вработените во приватниот сектор, но истовремено и на компаниите ако се земе предвид дека и минатата година ние ја завршивме со економски пад од 4,5 отсто, што беше речиси идентично со проекциите на Владата, а сите податоци и за месец јануари и за месец февруари покажуваат дека се зголемени и приходите и во рамките на буџетот, но и економската активност е врз основа на предвидувањата. Јас би сакал да направам уште еднаш повик, токму заедно да ги усвоиме законите кои се во интерес на граѓаните, повика Бектеши.

Тој најави дека ако има нови рестриктивни мерки, ќе има и дополнителна поддршка за најпогодените дејности.

– Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, нагласи Бектеши.

Министерот воедно информира дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам.

-Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош, рече Бектеши.

Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препраките на Комисијата за заразни болести.

-Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржни од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за соппствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање разни забави во моментот во кој зборуваме, истакна Бектеши.

Пратеикот од СДСМ, Дарко Каевски, пак, одговорајќи на новинарско прашање вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период е најголемиот кочничар во Собранието.

– ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период,верувам дека тоа ќе се промени, покажа дека е најголем кочничар и ги опструира сите законски решенија којшто се во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период и сите граѓани го увидоа тоа, дека е најголемиот кочничар во Собранието за донесување важни. Очигледно при притисокот што го направија граѓаните зашто се важни законите да се донесат, пред се законите во делот на дополнување и измена за да може да се  реализира и имплементира петтиот сет на мерки. Верувам дека ќе присуствуваат, но со тоа покажуваат и дека има сериозен притисок од граѓаните. Во февруари на 32. седница на Парламентот една од точките беше и Законот за личниот приход на граѓаните кој е дополнително дел од петтиот сет мерки што покажува и јасно потенцира дека како што доаѓаат законите во Собранието деловнички, претседателот на Собранието ги става во процедура за што е можно побрзо да се донесат, истакна Каевски.

Според вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши, и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.