Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се почитуваат мерките за време на празниците и да нема групирања апелираат надлежните

0
By Нова ТВ on April 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на претстојните празници прв приоритет е почитување на мерките. Пожелно е да се тргнеме од турканици, да држиме дистанца, а во храмовите задолжително да се носи заштитна маска. Инаку, сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави опасноста од вирусот.

Ова се дел од препораките кои вчера до граѓаните ги упатија премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче како и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Премиерот вчера излезе со апел, за 1 Мај и за другите празници да бидеме на отворено и да ги избегнеме затворените објекти.

-За претстојните празници прв приоритет е почитување на мерките, секогаш на штрек, да се тргнеме од турканици, од група, да држиме дистанца, да бидеме на отворено, да избегнуваме затворени простори и групирање, рече Заев.

Заев порача кога ќе ги славиме празниците, кога ќе видиме дека има групирања, а не е доволна дистанца, веднаш да се повлечеме.

-Може свеќа за Велигден да запалиме пред нашата зграда, куќа, надвор на отворено вечерта на полноќ кога ќе го дочекаме големиот христијански празник Велигден, но и сите други празници, можеме со почитување на мерките одговорно да го заштитме своето здравје и на сите граѓани, рече вчера Заев.

Аспектот на почитување на традицијата поврзано со верата и религијата, според премиерот, е важна работа затоа што е дел од нашиот секојдневен живот, социјален живот и нашиот севкупен начин на живеење, треба да го почитуваме, но секако, потенцира, треба да си го заштитиме здравјето и животот.

Тој очекува и од верските лидери, од поглаварите на МПЦ, на Исламска верска заедница, но и од другите поглавари на помалите верски заедници, да апелираат и да учествуваат во организацијата, за да можеме да ги празнуваме празниците, но и да го заштитиме здравјето и животот свој и на сите околу нас.

Тој појасни дека бројките поврзани со КОВИД – 19 паѓаат и оцени дека мерките навремено донесени почетокот на април дадоа резултат.

–   Верувам дека граѓаните се свесни за состојбата, загубивме луѓе блиски околу нас, членови на нашето семејство, пријатели и сите сфативме колку е навистина продорна оваа криза и дури и ги одзема човечките животи ќе не стави во одговорна позиција, изјави премиерот Заев.

И министерот Филипче вчера излезе со апел – граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид.

-Тоа што сега се случува оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на појава на мини кластери, потенцира Филипче.

Како што појасни, мора сите да сме свесни и со сопствeн пример, имајќи ја предвид сопствената одговорност, да постапиме така како што треба во рамки на ова што сега значи живот со мерки, препораки, превенција.

Според министерот, граѓаните мора да се свесни што треба да се прави, што не треба да се прави, како самите ќе придонесат за и понатаму епидемијата да спласнува, односно бројките да се намалуваат.

-Верските храмови се отворени, џамиите и црквите, и сега секојдневно ако има било какви служби итн. луѓето коишто не се придрждуваат до превентивнтие мерки и не водат сметка за заштита на сопственното здравје, се изложени на ризик. Не може секогаш Владата да каже и да бираме помеѓу тешки рестрикции или целосно отворање или нешто помеѓу, а граѓаните да не се вклучат самите со своите постапки и со сопствената одговорност. И тоа е суштината, дека треба да функционираме и да живееме, рече Филипче.

Министерот за здравство потсети на учеството и на верските лидери на неколку заеднички состаноци и апелот верниците да се придржуваат до мерките или се што значи заштита на здравјето на граѓаните.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.