Одлуката на Приштина да ми го забрани патувањето на Косово претставува директна опструкција на договорот од Брисел, оцени српскиот премиер Ивица Дачиќ, Со тој став на било кој начин не ја уценувам Европската Унија, порача српскиот премиер.
Дачиќ изјави дека добил најави дека Приштина ќе донесе такви одлуки и дека со тоа веќе се запознаени САД, В.Британија, Франција, Германија и Италија.
„Некои претставници на земјите од ЕУ ми упатија порака дека не можам да ја уценувам ЕУ. Луѓе, освестете се. Нам ни забранија влез во Косово, вие одлучите прво за тоа прашање а потоа за моите уцени. Нема никакви уцени. Водете дијалог со тој кој што може да оди на Косово“, изјави Дачиќ.
Ивица Дачиќ приметил дека највисоките европски претставници веднаш се изјасниле по повод некои од забраните неодамна донесени во Србија.
„Ако тоа за ЕУ е нормално, немам повеќе интерес да учествувам во тоа“, напомена Дачиќ.
Тој нагласи дека Србија е за мир и дијалог, но дека никој не смее да ја понижува. Како што вели Дачиќ, во интересите на Србија е преговарачкиот процес да продолжи.