Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека спогодбата за нормализација на односите со Приштина ќе биде применета и покрај тоа што Србите од северот на Косово не ја прифаќаат.
„Владата на Србија нема зошто да преговара. Решивме да ја прифатиме спогодбата и ќе ја спроведеме.
– Косовските Срби не мора да ја поддржуваат“, рече тој за телевизијата „Пинк“, додавајќи дека ни тие веќе не биле за референдум, бидејќи знаеле оти мнозинството Срби ќе ја прифатиле спогодбата.
– Нема да има референдум, изјави Дачиќ, што е прв пат да биде изнесен ставот на Владата по ова прашање, откако на 19 април беше постигнат договорот со Приштина.