Во интервју за Си-Ен-Ен српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази уверување дека Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ, како и очекувањето оти тоа ќе се случи што побрзо.
„Сакаме Србија да стане членка на ЕУ што е можно побрзо. Уверени сме дека Србија ќе биде следна, 29-та членка на ЕУ, бидејќи веруваме оти тоа е потребно и на Србија и на ЕУ“, рече Дачиќ.
На прашањето како го гледа решението за проблемот со Косово, Дачиќ призна дека не е лесно да се најде решение за Косово, особено, како што рече, во оваа фаза кога работите „отишле предалеку“.
„Би сакале односите да бидат нормализирани и да постигнеме конечно решение, рече тој и додаде дека Србија не може и не сака да ги внесе своите проблеми во ЕУ.