Српскиот премиер Ивица Дачиќ, оценил дека Приштина и Белград многу лесно можеле да се согласат за размена на територии, што би значело размена на северниот дел на Косово со Прешевската Долина (јужниот дел на Србија), која е населена главно со Албанци.
– Но, вакво нешто не би било прифатливо за Вашингтон. Таму сметаат дека тоа би предизвикало нова војна во Македонија, – изјавил Дачиќ во интервју за “Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пренесува Дневник.
Според него, Србија не посакува една мала српска држава во Косово, како што е Република Српска во Босна и Херцеговина, туку сака на Србите да им се овозможи „да се обединат во регионот, што ќе беше поука за другите во Косово, што е и за Европа“.
Тој го оценува како „неоснован“ стравот на Косово дека давањето повеќе компетенции за Асоцијацијата на српските општини ќе доведе до сепаратизам.