Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дајте ги парите на Мицковци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци

0
By Биљана Секуловска on August 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дајте му ги сите пари за кампања за бојкот на референдумот на Антонио Милошоски, дајте ги нашите пари на сите Мицковци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци нека не потопат, нека не удават, нека не закопат, нека не прогласат за живи мртовци, за остатоци на груевизмот, тие, ние, целата наша иднина.

Отстранете го, заробете го, покријте го и одведете го во непознат правец Талат Џафери, кој му објаснува на Милошоски дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои ќе се изјаснат „за“ или „против“.

Дајте им ги сите пари на овој свет на оние што ќе бојкотираат, на оние што се против нашата иднина, на сите Мицковци, Милошовци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци.

Нека расцветаат сите бојкотирачи, анти-НАТО и анти-ЕУ војници, русофили и путинисти, дајте им крилја, отворете им ги небесните патеки, нека завладее царството на подземјето, на смрдливите канали по кои течат исперените мозоци, политички аутистичните слогани, нека се виорат црвени, руски знамиња, нека завладее теророт на путинизмот.

Нека ги полијат Заев, Димитров, Шеќеринска, Џафери со пари сите Мицковци, Милошевци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци, нека не закопаат докрај во оваа дупка во која Македонија не може сама да се извлече без европска, демократска помош, после груевизмот од кој секако дека не можеме да се опоравиме и да здивнеме.

Да останеме осиромашена,  заробена држава во груевистичките и мијалковистичките инсталации во сите пори на општеството, во криминалот, корупцијата, непотизмот, неслободите, бесчестието.

Нека ги отворат тие врати на старите неслободи во груевизмот, сега нека ги рашират Заев, Димитров, Шеќеринска, Џафери, нека им ги дадат лопатите и ашовите на оние кои бојкотираат, на оние кои се против нашата иднина, нека ги благословат со нашите пари да не закопаат.

Заев, Димитров, Шеќеринска, Џафери сега се на потег- нека им ја засадат со илјада цвеќиња таа дупка на сите Мицковци, Милошевци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци, дупка во која ќе бидеме фрлени сите, на оние со бојкотот и против референдумот,  која сега со нашите пари ќе биде ископана најдлабоко што може, затоа што никогаш не е доволно дно, никогаш доволно изолација, национализам, омраза, немаштија, стравови и порази.

Затоа што ако тоа не се случи, ќе биде огромна штета ако не не не оглуват нивните пискави тонови полни со горчина и омраза кон цивилизациските, европски вредности, кон нашата иднина, кон сета борба која ја водевме, која ја извојувавме, никогаш повторно да не се врати груевизмот во оваа земја.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.