Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Далеку е Индија

0
By Sashko on August 26, 2022 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Џабир Дерала

„Нормализацијата на односите меѓу, од Русија поддржуваната Србија и Црна Гора, би била проблематична за Вашингтон, бидејќи тогаш би го изгубиле упориштето во балканскиот регион, што дополнително би му наштетило на и онака намаленото присуство на НАТО во Јадранското Море“ – пренесува црногорскиот интернет медиум АнтенаМ текст од ТФИ Глобал, индиски интернет медиум со проруска уредувачка политика.

Ете една трансконтинентална густа каша од медиумски прилог.

Ништо особено, ќе речете, ова е свет на глобални комуникации, сите се вклучени. Тоа е точно. Глобалните комуникации овозможуваат глобализирање на вестите, но и на пропагандата. Во овој случај се работи за пропаганда, и тоа со низок квалитет.

Насловот во АнтенаМ сѐ си кажува: „НАТО дал зелено светло за рушење на просрпската влада на Абазовиќ“. Насловот во индискиот оригинал ТФИ Глобал е: „Со сеење раздор меѓу Црна Гора и Србија, НАТО повторно го турна Балканот во превирања.“

Ова не е никакво чудо. Просрпски медиум пренесува индиски проруски медиум со тврдење дека НАТО срушило просрпска влада. Уште еден прилог кон бескрајното лелекање за тоа колку Западот е лош и управува со волјата на малите и „наивни“ народи. А во тие земји секогаш има доволно прозападни „предавници“ да ја отфрлат мајка Русија и нејзините балкански миленичиња (со 50:1 гласови во 81-члениот парламент). „Западот е лош и сака да освојува, Русија е добра и мирољубива!“ – тоа е прикаската отприлика.

Но тоа што е посебно смешно и исто толку погрешно во овој „индиски“ филм со руски акцент, е тврдењето дека НАТО има сѐ помало присуство на Јадранот.

Далеку е Индија од Адријатикот…

Шест држави се на бреговите на Јадранско Море. Од тие шест држави, пет се во НАТО. БиХ не е членка на НАТО, но нејзиниот брег е со должина од 20 км (неколку зрна песок, би рекол некој). НАТО одржа уште една гигантска воена вежба во Медитеранот што заврши на 11 август, каде што беше вклучен и Јадранот.

Но тоа не се гледа од Индија. А кога е руската пропаганда во прашање, тоа ни за балканските медиумски (пропагандни) мрцини е невидливо.

Преземено од civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.