Љубомир Костовски: Утринската програма на МТВ место очекуваниот прилог за ноќешната поплава во Студеничани објави само кус телефонски разговор со градоначалникот на оваа општина. Растрчани се репортерите ама на крстосниците околу зградата на МТВ или малку подалеку, а онаму каде највеќе треба тоа утро да се присутни, ги нема! Во Утринската на Сител имаше репортер и камерман на лице место, се виде ситуацијата во населените места крај оваа надојдена река, имаше разговор со граѓаните и се виде, што е важно, дека двата забранети мостови (кон Студеничани и кон Драчево) се пуштени во редовен сообрачќај. Се’ како што треба. Впрочем, се покажа дека меѓу народот кој говореше пред камерите, на повеќе други телевизии околу пладнето градночалникот беше напаѓан дека не ги решљвал проблемиоте за кои бил задолжен. А такви муабети за МТВ би биле непожелни …
Од Фејсбук ѕидот на авторот