Ана Чупеска: Во дипломатијата нема подароци, има само интереси. Додека Владата еуфорично ни ги продава кредитните линии од Обединетото Кралство како „историски успех“, внимателното следење на настаните открива друга, помалку розова слика.
Официјален Лондон легитимно и прагматично си го штити својот остров од илегална миграција.
Но, дали нашата Влада во тој процес ги заштити нашите интереси или прифати улога на „граничар“ во замена за финансиски инјекции?
Хронологијата на настаните отвора сериозни сомнежи:
Ноември 2024: Британија јавно ја објавува стратегијата за „разбивање на бандите“ и бара партнери на Балканот за запирање на мигрантските текови далеку од нивните граници.
Мај 2025: Се потпишува „Стратешкото партнерство“. Владата слави 6 милијарди евра достапни фондови. Во сенка останува делот од договорот кој предвидува „засилена безбедносна соработка и миграција“.
Октомври 2025: Угледни британски медиуми потврдуваат дека прашањето за миграцијата е врвен приоритет во разговорите со нашиот регион.
Ноември 2025 (Самит во Будимпешта): Се формализираат договорите за размена на разузнавачки податоци. Обрачот се стега, а соработката станува оперативна.
ЗАКЛУЧОК:
Парите од UK Export Finance не се грант, туку кредити и гаранции. Ако условот за овие пари е Македонија тивко да стане филтер-зона за мигрантите кои не смеат да стигнат до Британија, тогаш цената што ќе ја платиме е ???!!!!
Граѓаните заслужуваат одговор: Што точно содржи безбедносниот анекс на договорот?
ИЗВОРИ И РЕФЕРЕНЦИ:
* BBC & The Guardian (04.11.2024): Извештаи за новите безбедносни пактови на Стармер со Балканот („Smash the gangs“ иницијатива).
* The Times (Октомври 2025): Анализи за британската стратегија за екстернализација и „офшор“ процесирање.
* UK Export Finance (UKEF): Официјални податоци за достапниот „market risk appetite“ за Северна Македонија.
* Влада на РСМ (Мај 2025): Официјално соопштение за потпишување на Договорот за стратешко партнерство.
Извор: Фејсбук



