Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Ципрас ќе се заложи за решавање на спорот со името?

0
By Светлана Јовановска on January 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали новиот прв човек на Грција Алексис Ципрас ќе се заложи за решавање на спорот со името?

Многумина се радуваат што за Ципрас може да се рече дека не е нацоналист. Но, многумина се исто така разочарани што денес Ципрас одлучи да влезе во коалиција со десна сувернистичка и националистичка партија која го носи името Независни Грци.

Eдна од ретките изјави на Ципрас за самиот спор беше дадена во декември 2014 година кога Ципрас беше гостин на Правниот факултет во Белград каде што, меѓу другото, зборуваше и за односите со балканските соседи на Грција.

Тој пред се, зборувајќи во Белград, рече дека Грција “мора да ги убеди своите соседи, како што и вие треба да ги убедите вашите албански соседи, дека со провокации и нарушување на меѓународното право нема да има позитивен резултат”.

Оваа реченица пред се се однесуваше на грчките односи со Турција но нејзиното значење може да се употреби и во нашиот случај. Да не заборавиме дека Македонија има пресуда од Меѓународниот суд во Хаг во своја корист околу спорот донесена на 5 декември 2011 година.

Потоа Ципрас зборуваше за опасностите од национализмот кој на Балканот зема се повеќе замав. Тој посебно се осврна на Албаниа, Босна и Македонија велејќи дека политичкото лидерство во Македонија “продолжува да ги одбива сериозните напори за да се најде решение за спорот со името”.

Претходно, одговарајќи на прашање на македонски новинар во САД пред две години Ципрас рече: “Нашата партија е првата партија во Грција која работи во оваа насока да има решение, со географска референца на името, но во исто време мислам дека проблемот е во ако некој во Маке.., во ФИРОМ или во Грција прави разлики и националистички изуми”.

Го пренесуваме и ставот на неговиот коалиционен партнер, лидерот на Независните Грци Панос Каменос кој изјави во едно интервју на 10 јануари годинава дека “Грција не може да ги напушти своите национални барања, својот суверенитет, територијалниот интегритет и вистината против оние кои и понатаму имаат територијални претензии против Грција како Скопје. Скопје мора да разбере дека употребата на терминот Македонија не е ништо повеќе од остатоци од студената војна. Грција донесе одлука на состанок што го водеше Константит Караманлис да не ја подари употребата на името “Македонија” на било кој. Оваа одлука не може да се смени без одлука на лидерите на политичките партии.

Во ова интервју тој исто така вели дека во момент на криза не треба да се донесуваат важни национални одлуки без разлика дали се работи за Македонија, Турција или било која друга земја.

Уште во 2012 година Каменос побара од тогашниот премиер Андонис Самарас да му се обрати на парламентот и да даде одговор на прашањето дали тој попуштил, ја издал Грција и “го дал терминот Македонија”. Каменос рекол дека Самарас се нашол на колена околу ова прашање и рекол дека тој одбил пред парламентот да го даде одговорот дали дозволил употреба на името Македонија во случајот на нашата земја.

На ова Евангелос Венизелос, тогашен министер за надворешни работи, изјави дека “Грција нема никакви забелешки за влезот на ПЈРМ во ЕУ и НАТО поради името или поради тоа што сакаме да наметнеме промена” по обвинувањата на Каменос дека владата на Самарас прифатила соседната земја да се вика Северна Македонија. Венизелос исто така ги отрфли барањата на некои лидери од тогашната опозиција за референдум во Грција на кој би се одлучило дали да се поднесе жалба против пресудата на Меѓународниот суд на правдата која донесе пресуда во корист на Македонија.

Инаку партијата Независни Грци е формирана во 2010 година и таа во 2012 година успеа да освои 20 места во парламентот.

Засега е тешко да се одговори на прашањето дали Сириза и Ципрас ќе успеат да направат чекори за решавање на спорот. Ако се суди според приоритетите на Грција, речиси незабележливото место што овој проблем го имаше за време на изборната кампања и ставот на коалициониот партнер Каменос, Македонија нема на што да се надева од грчка страна во скоро време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.