НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Иванов би ставил потпис на аболиција како претседател на Северна Македонија

0
By Соња Петрушевска on April 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се уште нема информација како ќе постапи во однос на барањата за аболиција што осудените за „27 април“ ги доставиле до него. Од „Вила Водно“ не посочуваат кои од осудените лица побарале помилување и како ќе постапат.

Од Кривичниот суд вчера изјавија дека кај нив не е пристигнато ниту едно барање за аболиција од осудените лица за 27 април. Од таму појаснуваат дека според процедурата, Судот прибавува информации за тоа какво било поведението на лицето во затворот, дали против него се водат други кривични постапки и сите тие податоци ги доставува до Министерството за правда кое потоа одлучува дали затвореникот ќе биде помилуван или не.

Од Судот не сакаа да ја коментираат хипотетичката ситуација како би постапиле во случај ако Иванов сепак одлучи да ги прифати барањата за помилувања кои до неговиот Кабинет ги испратија осуденици за 27 април.

По аболицијата која ја донесе Иванов во април 2016 година, Обвинителството веднаш ги прекина сите постапки кои се водеа и кои продолжија дури откако Иванов ја поништи одлуката за помилување, која следуваше по секојдневните протести на улиците.

„Согласно законот и одлуките од Претседателот на РМ и по нивното поништување, во обвинителствата се преземаат сите законски обврски за продолжување на постапките“, рекоа тогаш од Обвинителството.

Поради фактот дека сега се работи за веќе осудени лица, од Судот не прецизираа како ќе постапат по евентуалната одлука на Ивнаов за помилување.

„Не е во ред однапред да се позиционираме, ако се донесе аболиција тогаш ќе изградиме и ќе го кажеме нашиот став“ кажа претседателот на Судот Иван Џолев.

Има ли право Иванов да аболицира

Дилемата во јавноста е дали Иванов воопшто има право да помилува, откако Уставниот суд го поништил фамозниот член 11 од Законот за помилување, кој му даваше право на шефот на државата да аболицира.

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април“ од страна на претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано.

– Член 11 од Законот за помилување на кој некој сака да профитира и да создаде некои состојби ниту постои во правниот поредок, ниту, пак, можел да постои. Уставниот суд со своја одлука во 2016 година го поништил дополнувањето на Законот што се однесувало на зголемените права на претседателот на Републиката. Меѓутоа, некој сака тоа дополнување на Законот за помилување што е поништено да го врати во правниот поредок. Но, ниту Уставниот суд , ниту друг може да го врати тоа во правниот поредок, бидејќи не постои таква одредба,коментира Ивановски и додва дека Иванов може да помилува но само во согласнот со Закон, а не неограничено како што беше предвидено со оваа одредба.

Откако Уставниот суд во 2016 година ги укинал измените во Законот за помилување, за повторно да оживее претходно укинатиот член 11, требало Парламентот да предложи измени и дополнувања на Законот за помилување, а пратениците да ги изгласаат, а не, сега да се толкува дека автоматски состојбата се вратила на старото решение, објаснува Ивановски.

И премиерот Зоран Заев, денеска рече дека е невозможно Иванов да аболицира, бидејќи не постои правна и уставна основа за таков чекор.

„Членот 11 од Законот за помилување не постои. Процедурата за помилување не може да се одвива за време на изборите, бидејќи влијае врз гласачите. Оваа постапка може да се одржи по изборите”, рече Заев.

Но, правни експерти кои инситираа на анонимност отвораат и друга дилема. Дури и во случај кога Иванов и покрај законските пречки, сепак одлучи да стави потпис на барањата за аболиција, тој ќе мора да се потпише како претседател на Република Северна Македонија, за тие воопшто да бидат објавени во Службен весник и да стапан на сила.

Иванов, досега одбиваше да се потпише како претседател на Северна Македонија и да го смени претседателскиот печат. Указите за унапредување во Армијата што ги донесе Иванов ги достави до Службен весник како претседател на Република Македонија, по што од Службен весник изјавија дека „веќе нема да  објавуваат укази и решенија на претседателот, бидејќи го нема сменето називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија“.

Од истите причини Иванов не ги потпиша ниту указите за прогласување на законите и ги врати во Собранието.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.Обвинителството за организиран криминал отвори истрага и за организаторите на насилниот упад во Собранието и ги сомничи Никола Груевски, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Никола Бошковски, но нема потврда дали некој од овие лица доставиле барања за помилувања, и покрај тоа што нивната постапка е во фаза на истрага.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.