Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Мицкоски тотално ја распродаде идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ и ја украси со фашистичко минато „најмакедонската“ партија?

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Зоран Бојаровски

Бранот на незадоволство и вчудоневиденост од ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека тој нема да се огради од политиките и дејствувањата на Ванчо Михајлов, кој тој ги оцени само како контроверзни, добива димензии на цунами.

Не поминаа ниту 24 часа од овој скандалозен став кога на еден од порталите кои до вчера ги поддржуваа политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Инфомакс, професорот Тодор Чепреганов му одржа историска лекција на Мицкоски и, во состојба на очигледна вознемиреност, му порача дека Ванчо Михајлов воопшто не е контроверзна личност и дека ова е обид „да го покријат тоа дека бил негативна личност за којашто „не постојат Македонци, дека нема македонски јазик, нема македонска култура, сѐ ова е бугарско“

Навистина, дали Мицкоски крие нешто? Дали Мицкоски тотално ја распродаде идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ и ја украси со фашистичка „најмакедонската“ партија?

Додека не одговори на овие прашања, наше е да го потсетиме Мицкоски кој бил Ванчо Михајлов. Македонските историчари запишале: Иван (Ванчо) Михајлов во историската меморија на македонскиот народ останува запаметен како организатор и наредбодавец за голем број убиства на истакнати македонски интелектуалци и дејци, во пресрет на Втората светска војна. Во европската и во светската историја останува запаметен како соработник на нацистичка Германија.

Во своите мемоари Димитар Влахов во своите мемоари запишува: „Иван Михајлов, Протогеров, Шанданов, Монев, Караџов и многу други уште главорези го извршија во Пиринска Македонија, познатото клање на македонските дејатели.“

Според Влахов, по извршените „погроми во Пиринска Македонија и во некои градови во Бугарија, бугарските фашисти организираа индивидуални убиства на одделни прогресивни дејатели – убиствата на Чаулев во Милано и на Тодор Паница во Виена, а па подоцна и на Симеон Кавракиров, Димитар Сурлев, Христо Трајков, Трајко Христов и многу други“. Во овој период, по наредба на Михајлов беа убиени и најзначајните санданисти – приврзаници на великиот македонски водач Јане Сандански. Меѓу убиените беа: Чудомир Кантарџиев, Александар Бујнов, Георги Скрижовски и др.

Меѓу првите што се убиени во погромот на Ванчо Михајлов се Димо Хаџи Димов и Арсениј Јовков – еден од раководителите на Илинденската организација и уредник на весникот „Илинден“.

Со овие убиства беше обезглавено македонското национално движење во пресрет на Втората светска војна, движење на кое денес како наследничка се повикува партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Може ли Мицкоски, актуелниот лидер на оваа партија само како контроверзна да ја опише личноста што ги ликвидираше најголемите синови на македонската револуционерна борба?

За тие убиства што ги правел во Бугарија Ванчо Михајлов има седум судски смртни пресуди, кои поодоцна Цар Борис ги поништува, откако контроверзниот лик започнал да шурува и со Берлин и со Софија за да биде претседател на на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх, како што пишува Штефан Требст, професор по историја за Источна Европа на Лајпцишкиот универзитет, автор е на три книги за македонското прашање во 20 век –„Македонскиот век“, „Мусолини, Македонија и големите сили 1922-1934 година“ и „Бугарско-југословенската контроверза за Македонија 1967-1982 година“.

Дали за Мицкоски е доволно да биде само контроверзна личност Ванчо Михајлов којшто беше фашист и соработник на нацистичка Германија?

Запишана е неговата соработка со Мусолини, кога пролетта 1943 година се договара со началниците на италијанската армија за формирање на вмровски одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција.

Исто така е запишано дека во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, тој влегува во преговори со рахјсфирерот на СС Хајнрих Химлер и договара формирање на силна вмровска заштитна група („Обезбедување“) составена од 12.000 мажи, која би била распоредена во грчки делови на Македонија окупираните од Германците како противуслуга на предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на независна македонска држава под покровителство на Третиот рајх.

Премногу е ова и од Мицкоски кој се покажа како тотаелен импровизатор кога се во прашање историските прашања. Или можеби не? Можеби има нешто што треба да се прикрие, како што вели историчарот Чепреганов?

Тоа сега треба да го одговори Мицкоски.

Но, за јавноста исто толку занимливи ќе бидат одговорите што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не се оградува од еден од поранешните лидери на оваа партија и од неговото фашистичко минато, ќе ѝ ги даде на Рашела Мизрахи. Јас не верувам дека Мизрахи нема да го праша што му се случи на Мицкоски на интервјуто за Канал 5 за да го прогласи колаборационалистот на фашистите во Македонија што ги депортираа Евреите во Треблинка.

А и новинарите треба да ја прашаат Миизрахи дали го прашала. Да нема повеќе контроверзи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.