Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Унгарија го злоупотреби дипломатското право на заштита

0
By Соња Петрушевска on November 16, 2018 ПОЛИТИКА
фото AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс премиерот Никола Груевски од Албанија каде што влегол преку илегален премин, до неговата последна дестинација Бидимпешта постојано бил придружуван од унгарски дипломати. Според непотврдени информации, тој дури и една ноќ поминал во Амбасадата на Унгарија во Тирана.

Ваквата улога на дипломатите кои му помагаат на осудено лице да бега од издржување на затворска казна за опозицијата во Унгарија е  скандалозна. Tие го обвинија  Орбан дека помага во „криумчарење и нелегален премин на лица“.

„ Албанската полиција потврди дека осудениот политичар ја напуштил Алабнија со автомобил на унгарската Амабсада во Тирана. Владата на Орбан не само што не го брка осудениот криминалец, туку со пари од даночните обврзници му помага илегално да го помине граничниот премин“ рече извршниот потпретседател на Демократската коалиција Чаба Молнар, и побара за бегството на Груевски и помошта која ја имал од унгарските власти да се дебатира во Собранието.

Дипломатот Сашко Тодоровски вели дека дипломатите имаат право да заштитуваат лица на кои им е згарозена безбедноста или животот им е во опасност и тоа се смета како хуманитарна постапка, која беше секојдневна практика во Студената војна, посебно за лица кои бегаа од Истокот.

„Во Студената војна ова беше секојдневна дипломатска задача – заштитата е еден од најстарите институти во дипломатијата.  Сега во поново време тоа се користи во екстремни ситауции и за земји кои се проценуваат како небезбедни од аспект на својот правен систем. ЕУ проценила дека не сме таква земја, а Унгарија одеднаш одлучила да не се согласува со политиката на ЕУ и да мисли дека треба да се преземе тој чекор“ анализира Тодоровски.

Во дадената ситуација е злоупотребен овој институт и ако ме прашувате дали е  оправдано –  јас мислам не,“ вели Тодоровски и додава дека за оваа процедура треба да се разговара со унгарските власти за да се види кои биле причините за да му понудат заштита на Груевски.

Во ситуации кога треба да дадат заштита дипломатите не дејствуваат секогаш по налог на министерот за надворешни работи, туку и врз основа на безбедносни проценки за лицето. Останува нејасно кои биле аргументите на унгарските дипломати  активно да се вклучат во бегството на Груевски.

Тодоровски очекува од МНР да контактира со унгарските власти и да се  утврди кој бил мотивот да го заштитат Груевски.

Како што соопшти албанската гранична полиција, Груевски со возило на унгарската амбасада во Тирана ја напуштил територијата на Алабнија и влегол во Црна Гора. Црногорските власти регистрирале дека тој во Црна Гора влегол со дипломатско возило „фолксваген џета“ со регистерски таблички  CD 1023 во друштво со Кулсар Антала и Варсалваи Шаба кои имале унгарски дипломатски пасоши.

Истиот ден во 22 и 16 часот ја напуштил Црна Гора на граничниот премин Добраково. Во Србија влегол со автомобил во кои биле Часар Јозеф Золтан и Фелеџази Шаба. Обајцата имаат дипломатски пасоши на Унгарија.

Канцеларијата на Орбан денеска овие информации ги нарече „претпоставки“ и повтори дека Унгарија на ниту еден начин не му помогнала на Груевски да побегне и да ја напушти Македонија.

За барањето за азил наведуваат дека ќе  одлучуваат во согласност со унгарскиот закон и со меѓународното право.

Никола Груевски кој беше осуден на двегодишна затворка казна за Тенк и против кого се водат уште неколку случаи на СЈО, ја напушти Македонија, кога веќе му беше потврдена затворската казна и му беа одбиени сите жалби за одложување на извршување на казната.

Според МВР тој побегнал ноќта меѓу 8 и 9 ноември кога преку илегален премин ја напуштил земјава. Освен ова, МВР  не објави никакви други детали за бегството на Никола Груевски. Тој пред три дена на Фејсбук објави дека е во Будимпешта.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.