Македонската пејачка Дани заедно со Karim Kamel од Египет Si Lemhaf од Тунис – сите тројца амбасадори на „Y-Peer“ светската мрежа за борба против сида, направија заедничко дело.
Песната има арапски карактер, здружувајќи ги нивните традиционални инструменти и ритам, но затоа Дани и’ дава модерен шарм, изразувајќи го нашиот односно европскиот лик и темперамент.
Песната носи силна порака што никого не остава рамнодушен, особено во периодот во кој, во Каиро владее брутално насилство врз жените, агресија, протести и нетрпение.
Аранжманот е на Si Lemhaf- Ултра популарен бенд од Тунис, музиката заедничка, а Дани е одговорна за својот дел.
Песната ја создаваа заеднички во Каиро во јули минатата година.
Видеото е снимено во Каиро во периодот на големата револуција – ноември 2012та.
“Never Give Up” има огромно значење за сите тројца артисти истовремено, секој засегнат на свој начин.
“Y-Peer се оние момци и девојки од секаде низ светот кои при секоја средба ме дрмаат со неверојатни реални приказни, со единствената потреба за промени, со борбеноста, трпението, волјата за подобро утро. Не мислам дека направивме премногу, само пљукавме куп емоции за кое се надеваме дека масата ќе ги препознае и барем ќе размисли пред било која наредна нечовечна постапка. Фала на UNFPA од Каиро и Скопје за поддршката и довербата. Тераме даље”, изјави Дани.
Погледнете го видеото и што би рекла Дани – „spread love and share hope…“