Златната мечка за најдобар филм на годинешното 63 издание на Берлинскиот филмски фестивал, ја освои романскиот филм „Child’s Pose“ на режисерот Călin Peter Netzer.
Гран при наградата на жирито и Сребрената мечка му припадна на филмот „Епизода во животот на собирачот на железо“ на босанскиот режисер Данис Тановиќ. А актерот Назиф Мујиќ ја освои Сребрената мечка за најдобра машка улога.
Наградата за најдобра режија ја доби Dvid Gordon Green за филмот под наслов „Prince Avalanche“.
Сребрена мечка за најдобра женска улога освои Paulina García за филмот „Глорија“.
Иранскиот режисер и дисидент Џафар Панахи ја освои Сребрената мечка за најдобро сценариот за филмот “Parde”
Членови на жирито на годинашното Берлинале се: Вонг Кар Ваи, претседател и Сузан Биер, Тим Робинс, Ширин Нешат, Атина Рејчел Цангари, Андреас Дресен, Елен Курас.
На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Сант