НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данската амбасадорка во земјава, Кардел: Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ

0
By Marija Todorovska on July 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи,  а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме тоа да се случи, истакна данската амбасадорка за земјава со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел, претставувајќи ги приоритетите на данското претседателство пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски, пак, и одговори дека децениско повторување на истите фрази дека моментот е сега, кој, како што посочи, го слушнавме уште од Хавиер Солана пред 20 години и денес повторно го слушаме, но не сме сигурни дали ЕУ има капацитет овој момент сега да го преточи во еден календар којшто ќе даде извесност за земјите-кандидати од регионот дека ќе станат членки на ЕУ, без да бидат попречувани од билатерални прашања.

Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи,  а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме тоа да се случи. Важно е да се искористи можноста, не може да се гарантира, но можноста за проширувањето е тука, ги знаеме предизвиците, но важно е да работиме заедно, отколку да бидеме оставени по страна, со цел да се увериме дека оваа убава земја во следното проширување ќе стане дел од ЕУ, истакна амбасадорката.

Таа оцени дека Данска осми пат претседава со ЕУ, меѓутоа, како што рече, првпат ние како претседателство не знаеме што ќе донесат наредните шест месеци.

Несигурната геополитичка ситуација секој ден е пред нас и исто така и многу големо влијание има и врз приоритетите на данското претседателство. Насловот е „Силна Европа за време на промени“ под ова мото имаме два сета на приоритети, првиот е за безбедна Европа, која може да се одбрани самата, којашто има силни надворешни граници, меѓутоа е и безбедна Европа затоа што се прошируваме, додека вториот сет приоритети е конкурентна и безбедна Европа. Проширувањето е во срцето на данското претседателство. Мислам дека за многу од нас руската агресија вр Украина е поивик за будење и тоа повторно ја активираше потребата од тоа Европа да се обедини и да биде посилна и затпа сега акцентот е на проширувањето, рече таа.

Данската амбасадорка призна дека пред неколку месеци имало замор во проширувањето и оти нејзината земја била таа што не верувала во проширувањето, но, според неа, тоа сега променило.

Сега имаме една единствена порака – дојде време да се здружиме, да бидеме обединети, и да продолжиме со проширувањто како еден од главните приоритети на данското претседателство Под концептот за безбедна Европа е нашата спосаобност да се одбраниме, заклучи амбасадорката на Данска.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека во време на глобални превирања потребна ни е Европа што стои цврсто зад европските вредности, а натамошното проширување е политичка неопходност.

Копенхашките критериуми мора повторно да бидат мерилото според кое се мери напредокот. Не билатералните условувања, туку институционалните капацитети, владеењето на правото, и демократскиот легитимитет. Данска ја разбира оваа реалност не само како техничка задача туку како политичка обврска. Затоа за нас претставува добра вест акцијата на данското претседателство да ја подготви ЕУ за проширување со внатрешни реформи, рече Муртезани.

Според него, Северна Македонија одамна го прифатила европскиот систем на вредности како сопствени честопати и со висока политичка цена, ја следи европската патека со реформи, компромиси и отпорност.

Условувањата што излегуваат надвор од европското правно наследство, наметнувањата што го поткопуваат кредибилитетот на процесот, непринципиелните вета и инситирањето на билатерални прашања не е само неправда туку системски удар врз ЕУ. Но Северна Македонија ќе остане доследен партнер во овие стратешки процеси, ќе продолжиме да го следиме европскиот пат со достинство, со аргументи и со отворен дијалог но и со очекувања дека ЕУ ќе покаже дека нејзините врати не се само симбилчично отворено. Во светот што се менува Европа мора да бида таа што се отвора, а не таа што се затвора, потенцира Муртезани.

Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања Милошоски, своето обраќање го започна со позитивните препораки на ГРЕКО.

Денеска обраќањето ќе го почнам со една позитивна вест која долги години беше тема на забелешки кон Македонија, во различни периоди на менување на власта, а тоа е извештајот на ГРЕКО. Во извештајот на ГРЕКО објавен во Стразбур групата на држави против корупцијата во Советот на Европа, ја затворија својата постапка за усогласување за Македонија во петтата рунда на евалуација, го поздравуваат напредокот во борбата против корупцијата, и спроведувањето на препораките насочени кон минимизирање на овој феномен, во највисоките извршни функции на централната власт и на МВР. Ова го истакнувам како многу добра вест затоа што неколку претходни влади ја изгубија довербата, не само од домашната, туку и од меѓународната јавност, токму заради преголема распространетост на феноменот на корупција и исто така премала политичка волја и заинтересираност да се спроведе нешто посериозно во борбата против корупцијата. И ова го споменувам затоа што и од страна на ЕК често ни било укажувано дека ако направиме напредок во ова поле, дека ќе го зголемиме и кредибилитетот и репутацијата на самата земја како кандидат за членство во ЕУ. И сметам дека ќе биде сериозно земено предвид, нагласи Милошоски.

По однос на данското претседавање, Милошоски истакна дека го забележал обраќањето на министерката за Европа на Данска на КОСАК во Копенхаген, која што, како што посочи тој, напоменала дека за Данска како земја-членка на ЕУ ставот за проширувањето на ЕУ пред руската агресија во Украина бил порезервиран и поскептичен.

После руската агресија врз Украина ставот на данската Влада по однос на темата за проширување се менува, и е позитивен, и се надеваме дека тоа нема да биде само заради Украина, туку дека ќе биде и за целиот регион и за сите оние земји коишто долги години, макотрпно, се трудат макотрпно, како земји-кандидати, да направат чекор напред кон евроинтеграциите, рече Милошоски.

Тој оцени дека ЕУ има еден сериозен недостаток, а тоа е дека нема капацитет за едногласност на глобално ниво.

Тој недостаток е што нема капацитет да зборува во еден глас на глобално ниво, нема капацитет да зборува во еден глас дури ни на темата проширување, се додека едногласно се одлучува во ЕУ на овие теми. Едногласното одлучување во ЕУ овозможува една земја-членка заради нерационални причини или злоупотреба на билатерлани проблеми, да блокира процеси коишто имаат пошироко значење од било кои билатерални прашања на земја-членка и земја кандидат. Во овој нов глобален свет, кадешто гледаме и поместување на глобалниот поредок, многу е тешко, за Европската Унија да биде кредибилен актер и во Северна Америка, и во Јужна Америка и во Азија, во Африка и на други полиња на меѓународно ниво, доколку во својот двор, а Западниот Балкан е најприродниот двор не успеат да бидат кредибилен актер којшто ќе ги придвижи процесите на членство во вистинска насока без децениско повторување на истите фрази дека моментот е сега, кој го слушмавме уште од Хавиер Солана пред 20 години, потенцира Милошоски.

И денес, продолжи Милошоски, слушаме повторно дека моментот е сега, но не сме сигурни дали ЕУ има капацитет овој момент сега да го преточи во еден календар којшто ќе даде извесност дека земјите кандидати во следните три, шест или осум години ќе станат земји-членки на ЕУ, без да бидат попречувани на теми коишто немаат допирна точка со Копенхашите критериуми.

И ако навистина има таква желба во ЕУ да биде посилна и како актер во економијата и во дипломатијата, безбедноста, сметам дека зачленувањето на Македонија и на другите земји од Западен Балкан ќе ја направат ЕУ токму тоа, и посилна и покредибилна и самата за себе но и на меѓународно ниво, оцени Милошоски.

Пратеничката Марија Петрушевска истакна дека историјата не смее да се претвори во вето за иднината, и оти треба да градиме пријателства и добрососедски односи кои ќе се темелат на различностите, јазикот и културата. Според неа, процесот на проширување треба да се темели на Копенхашките критериуми.

данска амбасадорка ЕУ национален совет за евроинтеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.