Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарко Лешоски со прва збирка поезија

0
By Нова ТВ on November 30, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Денеска, во клуб-ресторан на МКЦ со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на првата збирка поезија на Дарко Лешоски насловена „Дете од лоша фамилија“ чиј издавач е „Табернакул“.

Промоцијата ќе биде од неформален и отворен карактер. За „ликот и делото“ на Лешоски накратко ќе зборува неговата професорка Маја Бојаџиевска, како и претставник од Табернакул околу тоа зошто оваа издавачка куќа ја издава првата книга на Лешоски. По една песна ќе читаат актерките Синоличка Трпкова и Весна Петрушевска – на нивна желба и на задоволство на авторот.

За Дарко, за неговата поезија и пријателствата со него ќе зборуваат и новинарката Тина Иванова, неговата колешка Маја Марковска, поетот Јовица Ивановски и уште еден негов колега од „Оф-нет“, Сашо Мацановски-Трендо, за на крајот промоцијата да ја заокружат едноминутните „излагања“ на неколку негови другари.

За изборот на музика ќе се погрижи Соња Исмаил, a на многу невообичаен начин во текот на вечерта и во придружба на електронска музика стихови на Дарко ќе читаат и актерот Васил Зафирчев и Марија Зафирова.

„Денеска е среда. Јас сум во среда роден.Ова јас го правев и кога имав 20 пријатели на Фејсбук. Истото. Пишував без влакно и без осет и баш ми било гајле дали тоа е добро или ќе повреди некого – оти така ми било. Така ми било. Оти сакав да си кажам, а не да собирам. На моменти си велев Дарко заш бе ги секираш дома ти ? Зашто секираш пријатели, роднини.. ама НЕ МОЖАМ ПОИНАКУ .Едно време си се борев во себеси ама после се прифатив… дека не можам и не смеам поинаку. Дека ќе се угушам сам во себе. Ќе овенам. Ќе скинам. И ако не пишувам. И ако не скитам. И ако не пијам. И ако не пушам. И ако не се смеам. Имам да ви кажам една убава работа. Книгата ваљда чади во печатница. Ете … бидна.Тешки ми се вакви работи… Не знам… може и да не дојдам јас… се зезам (во секоја шала полувистина) ама толку драги луѓе на едно место…ми се пристресуваат малце колената“, со овие зборови, Лешоски ја најави промоцијата.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на интернет, преку Скопје Кежуал. Ќе може да се следи на : http://www.peechweizz.mk/p/live-stream.html

Дарко Лешоски од Вевчани, живее и работи во Скопје, каде дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.