Турција предупреди дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се заштити после двете автомобил-бомби кои експлодираа во градот на нејзината граница со Сирија, јавува Би-Би-Си.
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу вети дека ќе ги фати оние што стојат зад нападот, додавајќи: “Ништо нема да одат неодговорени”
Најмалку 43 лица загинаа во Рејханли, кој е дом на многу сириски бегалци.
Турција, членка на НАТО, изјави дека постои сомневање дека е вклучена сириската разузнавачка агенција.
Турција е силен поддржувач на опозицијата во граѓанската војна во Сирија и гласен критичар на владата на претседателот Башар ал-Асад.
САД и НАТО го осудија бомбашкиот напад и изразија поддршка за Анкара.