Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дечев: Во Бугарија се замолчуваат гласовите кои мислат поинаку за историскиот спор

0
By Нова ТВ on November 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за Дојче веле објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања.

Г-н Дечев, на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес, премиерите Борисов и Заев демонстрираа заедништво. Во исто време, односите меѓу Софија и Скопје се во криза. Зошто токму сега?

Дечев: Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна имаше некаква надеж дека разговорите за историјата би можеле да поминат. И тоа, во крајна линија, доведе до бугарската Рамковна позиција, како и до видливата решителност на Софија да го искористи точно тој момент- првата меѓувладина конференција во декември и почетокот на преговорите со Северна Македонија- за да се обиде да наметне еден дневен ред кој целосно се приближува до бугарската гледна точка.

Станува збор за едно претерување, бидејќи не е можно да се објасни дека сите нации во Европа се „природни“, а само македонската нација и македонскиот јазик се вештачки. Дека тие потекнуваат од 1944 година, а целата претходна историја е само бугарска.

ДВ: Кои се политичките цели кои Софија ги следи со таа блокада? И дали позицијата на Владата не го одразува и широко распространетото расположение на бугарските граѓани?

Дечев: Се разбира дека таа бугарска позиција го одразува широко распространетото расположение. Но, според мене, тие расположенија не можат сами по себе да се претвораат во државна политика. За жал, луѓето на кои им е доверено да се занимаваат со односите на Бугарија кон Северна Македонија- како на политичко, така и на ткн. „експертско” ниво- како веќе да донеле одлука. Тие дури ги користат бугарските мејнстрим медиуми, особено трите најголеми телевизии, за да внесат одредена напрегнатост, која потоа ќе ја констатираат во одредени социолошки истражувања.

ДВ: Зошто мислите така?

Дечев: Затоа што веднаш, откако бугарскиот дел од историската комисија се врати од Скопје во Софија, во интервју за БНТ еден од членовите, професорот Иван Илчев, излезе со неколку тези кои во следните денови станаа бугарска државна политика и дел од медиумската кампања во земјата.
Првата гласи дека, во моментот во Република Северна Македонија се води бесна антибугарска кампања, а Бугарите се претставуваат како монголо-татари. А тоа не е точно, нема таква официјална политика. Тоа е линија на опозициските медиуми во Северна Македонија кои едноставно се обидуваат да ја поткопаат владата на Заев и да го искористат евентуалното бугарско вето, за да ја обвинат власта за тоа.

Втората теза на Илчев е дека мора да ја третираме Северна Македонија како обична соседна земја која има свои интереси и не може да се гледа наивно, емоционално и сентиментално исто како братска земја. А токму тоа го посакува и ВМРО на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тогаш таа настојува пред владата во Софија да биде третирана како рамноправен политички субјект. И најважно, на трето место, отворениот политички повик од член на експертска историска комисија за Бугарија да го направи својот прв решителен историски чекор во последните 100 години блокирајќи ја Република Северна Македонија. И покрај кондиционалноста, ова беше повик за блокада.

И последно: обидот да се замолчат сите алтернативни гласови во Бугарија за историски прашања – преку нивна маргинализација и преку погрешни информации што редовно ги пренесуваат централните медиуми. Станува збор за премолчувањето и изобличувањето, како на октомвриското обраќање на бугарските историчари и другите претставници на хуманистичките и општествените науки против таканаречениот објаснувачки Меморандум, така и на Отвореното писмо на бугарските и македонските научници до премиерите и министрите за надворешни работи и европски интеграции за потребата од промена на пристапот.

ДВ: Вие сте еден од авторите на тоа писмо. Ќе има ли промена на пристапот? Какви, според вас, се перспективите за излегување од тој ќорсокак?
Дечев: Засега не гледам сигнали, како од Софија, така и од Скопје, за излегување од ќорсокакот. Гледам дека, очигледно, од страна на Скопје има желба да нема вето. Ја гледам исто така и желбата на германската страна да посредува. Но многу индикативно е тоа што во моментов во Бугарија им се дава простор точно на историчари-националисти со радикални ставови. А тоа ме наведува да мислам дека бугарската позиција ќе продолжи да биде тврда и непопустлива, а од Скопје речиси и да не можеме да очекуваме дека при толку тврда бугарска позиција може да се започне некаква внатрешно-македонска дебата за историските прашања. Тоа ме тера да бидам песимист, освен ако не се најде некое политичко решение кое повеќе ќе има карактер на времен политички договор, постигнат со посредство на Германија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.