Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејан Лилиќ – горд директор поставен од ВМРО

0
By Сашка Цветковска on September 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерот и директор на МНТ – Театар Центар Дејан Лилиќ во интервју за порталот ТЕЛЕГРАФ одговора на честите обвинувања дека тој е „вмровски“ директор. Со богата фотогалерија пред новиот театар кој е дел од проектот Скопје 2014 Дејан Лилиќ зборува за небесната правда и за правото на луѓето да зборуваат за или против него, како и за успесите на власта во полето на театарот.

Телеграф: Велиш не размислуваш негативно, но како реагираш кога ќе речат за тебе: „Ете го партискиот директор на ВМРО-ДПМНЕ“?

Дејан Лилиќ: Ако си добар уметник не е важна власта. За жал, кај нас сè се потенцира политички. Едноставно, против тоа нема борба. Луѓето може да излажат, да пуштат злонамерна информација, па ти да пуштиш демант и никому ништо. Важно е што има луѓе кои те познаваат и знаат дека се трудиш и околу театарот, а се трудиш и како човек, да создаваш вистински вредности.

-Сепак, јавни личности сме во кои секој „може да пука“. Тоа е судбина на сите оние кои се занимаваат со ваков вид професија. Но, јас верувам во небесна правда. Да, јас сум директор поставен од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од владата што ги подигна платите на уметниците да бидат конечно достојни. И конечно од владата што ја изгради новата зграда на Македонскиот Народен Театар и со тоа го остваривме повеќедеценискиот сон. Секој може да зборува што сака, но јас во животот научив дека само со дела човек може да покаже колку вреди, вели Лилиќ во интервјуто за порталот ТЕЛЕГРАФ.

Дејан Лилиќ како директор на МНТ – Театар Центар и актер беше еден од предводниците на протестот против опозицијата во Декември минатата година за време на блокирањето на буџетот. Тогаш тој на своите колеги им се обрати велејќи дека протестот против опозиционерите е во одбрана на уметноста бидејќи тие барале да се кратат парите за изградба на нови театри.

Овој протест предизвика многу контроверзи, но и реакции кај неговите колеги во театарот кои одбија да учествуваат, на како што тврдеа, политички монтиран протест. Режисерката Зоја Булзаковска беше помеѓу првите кои го изразија револтот на социјалните мрежи поради одлуката да се протестираа и ги повика своите колеги уметници да не направат нешто од што подоцна ќе се срамат.

„Оваа битка е уште еден бескрупулозен обид на власта да продолжи со своето расипништво на парите од граѓаните, во која уметниците ќе ? послужат како маша, за политиката на континуирано осиромашување на народот заради личното богатење на неколкумина. Нејзините механизми на дејствување, како и нејзиниот начин на мислење, ги видовме, т.е. ги прочитавме доцна во ноќта и самите, не мора да ги претпоставуваме. Се надевам дека овој апел ќе го сфатите правилно, зашто нема пострашно чувство од она, кога човек подоцна ќе се почувствува изманипулиран”, напиша таа.

Актерот Тони Михајловски, пак, напиша дека не штрајкувале уметниците, туку техничарите, хигиеничарите и гардероберите, како и „неколку неуспешни обиди за уметници“.

„Денес се засрамив од уметноста, од професијата. Од себе. Се чувствувам предаден, изигран, продаден… емотивно ограбен”, напиша Михајловски кој и отворено влезе во конфликт со директорката на театарот комедија Јелена Жугиќ, исто така поддржувач на протестот.

Сепак, најнепријатно беше за време на новинарските прашања. На новинарско прашање дали знае колку чини старо – новиот театар тој одговори дека не знае и не го интересира. Откако новинарите му кажаа дека од предвидени 4,5 милиони евра театарот достигнал речиси 45 Лилиќ се бранеше дека не навлегувал во економија. Но, најмаркатниот одговор дојде од Јелена Жугиќ која изјави дека во Франција се граделе дворци и кога не течело мед и млеко.

Дејан Лилиќ и Јелена Жугиќ од едни беа обвинувани дека протестот бил реализација на партиска задача, додека други ги бранеа дека тие ја бранеле уметноста. И двајцата се поставени за директори за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, со таа разлика што Лилиќ дојде на директорската позиција во етаблираниот Театар Центар, додека Жугиќ стана директорка на новоформениот Театар – Комедија, кој се уште нема сопствени простории.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.