Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејан Ставриќ, човекот кој пркосеше и на власта и на опозицијата

0
By Менче Атанасова Точи on May 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејан Ставриќ, познатиот очен хирург пред неколку месеци си замина од јавното здравство и започна да работи во приватната поликлиника „Корнеа Медика“. Но, она по што особено е познат во јавноста, е штрајкот на лекарите кој траеше цели 52 дена, а беше во организација на неколку лекари и тој, како прв човек на синдикатот на скопските клиники.

Веднаш штом си замина од оваа функција, Ставриќ нагласи дека додека не се организира редовен Конгрес за избор на нов претседател, со Синдикатот ќе раководат двајцата потпретседатели. Во последната изјава дадена за НОВА во средина на април, Ставриќ предупреди дека таму веќе се случуваат превирања и лобирања во корист на познат абдоменален хирург, кој беше дел од штрајкувачите.

-Власта сака да влезе во Синдикатот и да постави свој човек за претседател кој ќе го води во наредните четири години. Очигледно на партијата на власт и се брза за да влезе во синдикатот преку него. Тој човек покажа партиско влијание иако беше дел од штрајкувачите, изјави тогаш за НОВА, Ставриќ.

Синдикатот на Клиничкиот блок има 3800 членови не само од скопските клиники туку од здравствените установи од цела Македонија. Откако по судски пат им беше забрането да протестираат, затоа што, според судството, имало правни недостатоци во нивната штрајкувачка одлука, и по неколку средби со министерот за здравство, Никола Тодоров, од кои на третата тој демонстративно го напушти состанокот, Синдикатот во ноември 2012 година започна со штрајк на лекарите, кои во најстудените месеци од годината штрајкуваа цели 52 дена.

Иако не успеа до крај да ги реализира барањата за зголемување на платите и корекција на проектот „работа по учиник“ синдикатот изврши силно влијание преку штрајкот, а штрајкувачкиот одбор и организаторите станаа трн во око на актуелната власт. И по прекинувањето на преговорите, откако многу од лекарите се повлекоа уплашени за своите работни места, Ставриќ продолжи да и пркоси на власта и отворено зборуваше за проблемите. Тој беше единствениот лекар кој не одбиваше да даде изјава, да го искаже незадоволството на лекарите од реформите кои се случуваат во здравството.

Ставриќ постојано апелираше дека мора да се зголемат буџетите на болниците со цел да се зголеми и бројот на здравствени услуги за да нема огромни листи на чекање, за операции и прегледи.

-На нашата Клиника листата на чекање за операции на очите се движат од една до шест години. Мојата листа на чекање е шест години, изјави во едно интервју за НОВА, Ставриќ.

Во таа прилика Ставриќ потенцираше дека има силни притисоци, политички влијанија и обиди да се разедини Синдикатот.

-Морам да нагласам дека Синдикатот мора да се ослободи од политичките влијанија бидејќи во спротивно ќе стане инструмент на власта или на опозицијата бидејќи ние ги застапуваме интересите на вработените. Доколку не најдеме сила да се ослободиме од партиските влијанија јас лично ќе го напуштам Синдикатот, зашто тогаш не би имало поента нашето делување, изјави тогаш Ставриќ.

Неофицијално, доктор Дејан Ставриќ попладнево бил уапсен за дело поврзано со корупција.
Од МВР се уште нема официјална потврда за идентитетот на лекарот, но сепак потврдија дека е приведен лекар за коруптивно дело и повеќе детали најавија за утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

ВЕСТИ October 11, 2025

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во…

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.