Дејвид Бекам се наоѓа на турнеја во улога на амбасадор на фудбалот во Кина.
Кина „го изнајми“ Дејвид Бекам за промоција на фудбалот меѓу младата популација. При гостувањето пред студентите во Пекинг тој ги покажа своите тетоважи напишани на кинески јазик.
Секако тоа предизвика општа хистерија меѓу студентите бидејќи Бекс е една од светските секс икони.
Содржината на тетоважата која Бекс засекогаш ќе ја носи на своето тело е следна:
„Животот и смртта се предодредени, а богатсвото и почестите доаѓаат од Бог“.