Здруженија на бранители и семејства на загинати бранители, потпишаа „Декларација на бранителите”.
Девет здруженија на бранители со декларација побараа никој да не ги дели, да им се признае она што го сториле во 2001 година и да не бидат злоупотребувани од страна на политичките партии.
– Сите во Македонија треба да знаат дека бранителите се сложни кога ги бараат своите права кои државата со закони се обврзала да им ги штити – сооштија здруженијата на бранителите и семејствата на загинати бранители.
На потпишувањето на декларацијата присуствува и претставници на Министерството за одбрана, како и третиот човек на армијата, генералот Димче Петровски.