Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Декриминализација на клеветата – репресивен закон за слободата на медиумите?

0
By Влатко Чаловски on March 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без присуство на судиите кои ги водат предметите за навреда и клевета во Основниот суд Скопје 2, иако беа поканети, новинарите и експертите за медиуми, како и граѓанскиот сектор денеска дебатираа на темата „Што донесе декриминализацијата на клеветата?“ врз база на мониторингот за овие судски случаи спроведен од Центарот за развој на медиуми.

Резултатите добиени во период од 1.февруари 2013 до 28.Февруари 2014, како дел од програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми нотира дека во 45 предмети само во седум како тужители се јавуваат новинари, уредници или медиуми додека во останатите тие се тужените.

И по поминати 15 месеци од донесувањето на законот, во предметите кои како странки се јавуваат новинари или уредници нема правосилна одлука, што претставува сериозна пречка за донесување заклучоци за предностите и слабостите од имплементацијата на законот, се забележува во извештајот на ЦРМ.

Воедно, од набљудувањето се заклучува дека во определени случаи постапките се одолговлекуваат поради ненавремената достава на поканите за тужените во случајот.

Исто така, во некои случаи судиите не секогаш при постапувањето се држат до праксата на Европскиот суд за човекови права како и принципите за заштита на слободата на изразување, а забрзувања на постапките се забележани во случаи кога како тужители се јавуваат високи функциониери.

Како пример во извештајот се напоменати предметите помеѓу Гордана Јанкуловска и Петре Шилегов, а уште побрзо затворањето на случајот на премиерот Груевски со Тито Петковски.

Главната и одговорна уредничка на „Фокус“ Јадранка Костова, децидно укажа дека кога се во прашање новинарите, доколку се тужени од функционери на власта, сеедно е во кој суд ќе се одвива постапката, бидејќи целта е да се казнат критички настроените медиуми, осврнувајќи се на случајот со „Фокус“ и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.

– ЦРМ ќе продолжи со посебно внимание да ја мониторира работата на судиите и да следи дали ќе продолжи оваа тенденција на давање предност на постапките во кои странки се јавуваат функционери, особено затоа што праксата на Судот во Стразбур предвидува носителите на јавни функции да имаат поголем праг на толеранција во однос на навредата и клеветата што не е случај кај нас, се вели во заклучоците и препораките на ЦРМ.

Како слабост на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се нотираат досудените високи надоместоци за нематеријална штета, а дополнително во предвид не се земаат приходите на медиумската индустрија, односно поединечните типови на медиумите на пазарот.

– Од тој аспект, вака определените лимити може да предизвикаат цензорски ефекти на замрзнување и да добијат форма на казна наместо надомест на штета..што се коси со основните принципи на Законот, се вели во заклучоците, надополнувајќи дека законот не постои за да се казни давателот на изјавата туку да се залечи нанесената штета.

За тоа зборуваше и уредникот на „Слободен печат“, кој упати апел до одговорните од делот на медиумската фела да се обидат да ја намалат висината на максималната казна, за која вели денешната е превисока, и она кое новинарите треба да го бараат е до 10% максимална казна од актуелната која е предвидена.

Воедно Героски ја искористи приликата да апелира и до судиите за кои смета дека треба да ги искористат сите инструменти за обесхрабрување кај тужителите да посегнат по тужба.

Првиот извештај од мониторингот укажува дека дополнително оптоварување за новинарите и медиумите е висината на судските трошоци во граѓанските постапки за навреда и клевета.

Препораките велат, парични надоместоци за штета треба да се применуваат само во случаите каде што непаричните мерки се недоволни да се надомести штетата од нечија изјава.

За своите искуства во предмети кои тој ги застапува, адвокатот Филип Медарски беше дециден дека неосновано е да се изрекуваат материјални оштети врз база на психијатриско вештачење кај тужителот, бидејќи кога се тужи за клевета или навреда се работи за угледот на тужителот.

Мониторингот покажува дека и судските служби не ги извршуваат своите задачи во целост, што пак негативно влијае врз судските постапки, а треба да им се обезбеди и обука на службениците за запознавање со прописите во Македонија.

– Во однос на условите за работа и соодветно водење на постапките, мониторингот покажува дека во речиси сите судници не постои техничка опременост за прегледување на аудио и видео материјалите, со што судиите доказите ги ценат единствено врз основа на транскриптите доставени од странките.

На судските случаи за клевета и навреда во Македонија работат тројца судии, Јованка Спировска Панева, Весна Калковска и Нухи Рустеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.