НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Декриминализацијата низ призма на тужбите кон Фокус

0
By Сашка Цветковска on April 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Срѓан Керим ја повлече тужбата против “Фокус”, вака вчера одекна веста за медиумот, кој освен тужбата од Керим има уште две други тужби. Сите три тужби се првите поднесени откако се донесе декриминализацијата на клеветата. А побарувањата на тужителите од сите три тужби можат да значат клуч на врата за весниците “Фокус” кои се борат за опстанок, опстанок кој станува уште понеизвесен по смртта на нивниот сопственик, новинарот Никола Младенов.

Но, за што всушност беше тужен “Фокус” е прашањето чиј одговор отвора дилеми околу смислата на декриминализацијата која требаше да овозможи не само техничко префрлање на судењата против новинарите од кривичниот во граѓанскиот суд, туку и да стави крај на праксата на притисоци, исцрпување и замолчување на медиуми со бесмислени и бројни тужби.

Во случајот “Срѓан Керим против Фокус”, тужба која сега е повлечена, тужителот Керим го тужеше весникот поради пренесен текст од српскиот весник “Е-новине”. Освен новинарот Владо Апостолов кој само ги пренесува пишувањата на српскиот медиум за улогата на Керим во продажбата на издавачот на весниците “Дневник”, “Утрински” и “Вест”, групацијта МПМ, исти и слични текстови се пренесуваат и на повеќе медиуми во земјава. Новинарот Апостолов е и единствениот кој покрај пренесените пишувања, бара и пренесува мислење од инволвираниот Керим, но завршува и како единствениот тужен, заедно со главниот и одговорен уредник Јадранка Костова и фирмата издавач Фокус Прес, можност која се даде со декриминализацијата.

На првото рочиште на Керим против Фокус присуствуваа и Здружението на новинари кои ги мониторира сите случаи со тужени новинари, а набљудуваа и претставници на Американската амбасада и Синдикатот на новинари и медиумски работници. Синдикатот, меѓудругото, беше и првиот кој ја поздрави одлуката на Срѓан Керим да ја повлече тужбата, но тие се уште апелираат дека опасноста од бесмислени тужби кои ги исцрпуваат новинарите станува реалност.

-Денес кога еден медиумски бренд каков што е Фокус и покрај декриминализацијата се соочува со тужби за пренесени информации, за пишување за работата на избрани функционери мораме да кажеме: Ние ОВА не го поддржувавме! Тоа ни дава за право да бараме тужбите за ФОКУС чиј што основач Никола Младенов неодамна трагично загина да бидат повлечени и да поздравиме секој чекор во таа насока, вели претседателката на новинарскиот и медиумски синдикат, Тамара Чаушидис.

Минатата недела, на денот кога Младенов загина, уште пред да одекне веста за неговата смрт, неговите колеги тоа утро подготвуваат и праќаат одговор до судот на уште една тужба добиена пред околу три недели. Овојпат тужител е Сашо Мијалков, директорот на Бирото за контраразузнавање. Причината за тужбата е текст во кој поранешниот амбасадор на земјава во Чешка тврди дека имал притисоци од Мијалков. Авторот на текстот се обидел да го контактира Мијалков со намера да се чуе и втората страна, но не му успеало. Побарувањата на тужителот се големи: по илјада евра од новинарот Владо Апостолов и поранешниот амбасадор, 10.000 евра од уредникот Јадранка Костова и 15.000 евра од правното лице “Фокус прес”.

И третата тужба доаѓа од Сојузот за грижа и воспитување на децата за текст на новинарката Мери Јордановска. Тужителот тужи за текст кој истражува во чија сопственост е објектот на детското одморалиште Сутјеска. Но, овојпат тужителот е и незадоволен поради тоа што авторката пренесува цитати од прилог за сојузот објавен на “Канал 5” телевизија во 2006 година и тужбата се однесува и на пренесените текстови на телевизијата.

-Тие ние испратија и демант, за кој замислете, бараа да не биде објавен, нешто што е во целосна спротивност со суштината на демантирањето, објаснува новинарката Мери Јордановска.

Овде е тужено само правното лице од кое сојузот бара 15.000 евра оштета, а уште две лица од сојузот побаруваат по 5.000 евра или вкупно 25.000 евра.

-Точно дека новиот Закон го штити јавниот интерес, им дава право на новинарите да пренесуваат информации и да искажуваат вредносни судови, но мораме да бидеме свесни сме дека и самиот судски процес во комбинација со големиот број тужби го истоштува медиумот и овозможува она што не беше идејата за декриминализација– со тужби медиумите практично да бидат приморани на самоцензура, на замолчување и финансиско уништување, вели претседателката на ССНМ, Тамара Чаушидис.

Гестот на Керим би можел да значи олеснување за економската состојба во која се наоѓа “Фокус”, а која во значителна мера беше предизвикана и од спречувањето за дистрибуција и продажба на многу места во земјава, пред се големи маркети во сопственост на видни функционери на власта, потоа стравот на огласувачите да се рекламираат во критичните медиуми и други проблеми произлезени од нефункционалниот медиумски пазар. За “Фокус” овие тужби, или првите тужби откако клеветата и навредата преминуваат во граѓанските судови може да има големи последици врз опстанокот на медиумот, но уште поголеми врз медиумскиот плурализам во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.