Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делови од скандалозниот разговор на Трамп со државниот секретар на Џорџија

0
By Нова ТВ on January 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делови од скандалозниот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер, во кои тој му ласка, го моли, но и му се заканува поради изборен пораз од новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

1.Трамп се обидува да го смени резултатот од изборите

За време на разговорот, шефот на државата изврши притисок врз Рафенспергер да „најде 11.780 гласови“.

„Луѓето во Џорџија се лути, луѓето во државата се лути. И нема ништо лошо во тоа, знаете дека пресметувавте… Што ќе правиме? Ми требаат само 11.000 гласови… Ми требаат 11.000 гласови“, вели Трамп за време на разговорот.

Џо Бајден победи во Џорџија. Резултатот е заверен и победата на Бајден во Изборниот колеџ ќе биде потврдена на Конгресот в среда.

2.Трамп се обидува да го заплаши Рафенспергер

„Нема шанси да загубам во Џорџија. Нема начин. Победивме со стотици илјади гласови”, наведува шефот на државата. Тој навести дека државниот секретар на таа американска држава може да биде под истѕрага за сторено кривично дело.

„Знаете што направија и не го пријавивте. Знаете дека е криминал. Знаете дека не можете да дозволите тоа да се случи. Тоа е голем ризик за вас и за Рајан, вашиот адвокат. Тоа е голем ризик”, продолжи Трамп.

3.Трамп врши притисок пред вториот круг од изборите во Џорџија

Претседателот му вели на државниот секретар дека ако не преземе нешто до вторник, тој ќе ги оштети шансите на републиканците Дејвид Пурдју и Кели Лофлер во вториот круг од изборите, што ќе донесе одлука за мнозинството во Сенатот.

„Ќе бидете почитувани, навистина почитувани, ако ова може да се поправи пред изборите“, рече Трамп.

4.Рафенспергер му се спротивставува на претседателот

Државниот секретар на Џорџија е од Републиканската партија. За време на разговорот, тој повтори дека Бајден чесно победил во Џорџија. Тој му вели на претседателот дека се повикува на лажни информации.

Откако Трамп рече дека повеќе од 5.000 гласачки ливчиња биле пуштени во државата од име на починати, државниот секретар одговори: „Вистинскиот број е двајца. Двајца. Две лица кои починаа гласаа“.

5.Трамп можно е да сторил кривично дело

Професорот по право Карл Тобијас од Универзитетот во Ричмонд коментира за Гардијан дека Трамп може да се соочи со „правен ризик по инаугурацијата на Бајден“. Во имејл до британското издание, тој напиша дека ако Министерството за правда или американските обвинители веруваат дека Трамп го прекршил федералниот закон или локалните обвинители во држави како Аризона, Џорџија, Мичиген и Висконсин, каде Трамп може да биде вклучен во слично однесување, моќе дас е верува дека Трамп ги прекршил законите за државните избори, и федералните или државните обвинители можат да го гонат Трамп.

6.Трамп одбива да отстапи

Претседателот на Твитер објави дека разговарал со државниот секретар на Џорџија за изборни измами во државата. Социјалната мрежа објави дека пораката на Трамп е контроверзна. Од своја страна, Рафенспергер одговори дека она што Доналд Трамп го зборувал за изборите во државата не е точно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.