Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЕМАНТ: Разобличување на кампањата против граѓанското учество во јавниот собир на иницијативата „Кој е следен?“

0
By Marija Todorovska on March 18, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веднаш по повикот за јавен собир по повод трагедијата во Кочани во организација на иницијативата „Кој е следен?“, се покрена дезинформациска кампања насочена против граѓанското учество. Една маргинална интернет веб страница, како и неколку Фејсбук страници, излегоа со тврдење дека ЦИВИЛ е организатор на собирот. Тоа е лага! И воопшто не е наивна. Не се работи за грешка или недоразбирање, туку за смислена кампања со која се дискредитираат граѓанските иницијативи и се прави обид да се спречат граѓанките и граѓаните слободно да го изразат своето мислење на јавен настан.

ФАКТ: Организатор на јавниот собир на 18 март, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 18 часот е граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

Како и во случајот со долга низа претходни кампањи слични на оваа, ширењето и на оваа лага не се потпира само во внесувањето забуна за тоа кој е организатор на собирот, туку е придружена со манипулативни наративи и говор на омраза со кои се нанесува штета и на вистинскиот и на наводниот организатор, а најмногу на правото на граѓанско учество.

Со зборовите „ѓубриња ниедни“, ЦИВИЛ и нејзиниот претседател Џабир Дерала, се клеветат дека „повторно се обидуваат да профитираат на грбот на жртвите“ и дека „се обидуваат да манипулираат со народот и да поттикнат нова Шарена Револуција“.

Оваа лага се дистрибуира и преку лични пораки на Вибер. Во кампањата со пораки што се дистрибуира по Вибер, примателите се „предупредуваат“ дека собирот е во организација на „ЦИВИЛ на Џабир Дерала“ со заплашување дека „се жедни за крв“, при што јасно се повикува луѓето да не излезат на собирот.

Ова е чист случај на кампања за валкање и дезинформации каде што, со намерно искривување на фактите, заплашување и говор на омраза, се врши притисок и се прави јасен обид да се спречи граѓанското учество.

ЦИВИЛ со години работи на мониторинг борба против дезинформациите, пропагандните операции и хибридните закани, но истовремено е и мета на кампањи за валкање, дезинформации и лажни наративи, како и закани со убиство.

Наспроти нападите и заканите, ЦИВИЛ е организација што ужива голема доверба и поддршка од македонските граѓанки и граѓани од сите заедници, а со своите иницијативи и активности ужива и значаен регионален и меѓународен углед.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

кој е следен собир Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.