Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демирхисарец на 101 година е најстариот починат од ковид-19

0
By НОВА ТВ Balaban on December 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најстариот заболен од коронавирусот е на возраст од 101 година, според извештајот, а во врска со тоа од каде е овој пациент и дали ја преживеал инфекцијата, од ИЈЗ појаснуваат дека станува збор за лице од Демир Хисар кое починало дома.

Направени се за 6,2 проценти повеќе тестови за ковид-19 во однос на неделата  претходно, пишува во најновиот неделен извештај на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 6. до 12. декември годинава.

Тестирани се 17.997 материјали во лабораториите во кои се врши молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, а регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1 проценти во однос на минатата недела, се вели во извештајот.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 55.841 (25,4%), додека највисок специфичен морбидитет од 13.207,1/100.000 се регистрира кај возрасната група од 50-59 години (n=37.014).

Најстариот заболен од коронавирусот е на возраст од 101 година, според извештајот, а во врска со тоа од каде е овој пациент и дали ја преживеал инфекцијата, од ИЈЗ појаснуваат дека станува збор за лице од Демир Хисар.

Овој 101-годишник, за жал, не ја добил битката со вирусот. Тој починал дома од компликации од болеста, а смртта во ИЈЗ била пријавена на 8. декември годинава.  

26 граѓани повторно заболеле од ковид-19 

Во овој период, од 6. до 12. декември, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (24,1 проценти), а најмалку заболувале кај возрасната група од 0 до 9 години (4,4 проценти).

– Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 54,4 проценти лица од женски и 45,6 проценти од машки пол. Оздравеле 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, стои во извештајот.

Во минатата недела биле пријавени 26 повторни инфекции со ковид-19, што е  намалување од 35 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени биле 66 смртни случаи во 20 градови, што е намалување од 2,9 отсто во однос на претходната недела – најмногу починати се од Скопје (26), а во однос на возраста, најголем број, вкупно 58 од починатите, се постари од 60 години.

Седуммина починати се пријавени кај возрасната група од 50-59 години и еден на возраст од 40-49 години.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 427 лица, а од нив 247 се на кислородна поддршка и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. 

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (60,0%), кашлица (44,8%) и малаксаност (44,2%). Регистрирани се 57.746 (26,3%) асимптоматски случаи.

(Љ.Б.)

 

 

101 година Демирхисарец Институт за јавно здравје најстариот починат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.