Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократски сојуз бара ремонт на безбедносните служби по аферата со пасошите

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси, оценува Демократски сојуз.

„Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата. Изостануваат и контролни механизми во работата на овие сектори и служби, има одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии“, пишува во соопштението од партијата.

Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова (ремонт) и анализа на можните злоупотреби и притоа ги нагласува следните приоритети:

Прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, како и тест за интегритет и здравствена способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата.

Да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност.

Второ, да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење на оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи.

Трето, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција.

Според партијата, кадровско прочистување е неоходно и во другите служби за безбедност.

Демократскиот сојуз, како што се додава во соопштението, инсистира Владата и министерот за внатрешни работи, како и другите носители на високи функции во безбедносно-разузнавачките служби, сериозно да ги разгледаат сите овие барања и да подготват планови за нивна реализација. А за состојбите во МВР и другите безбедносни служби да се направи темелна анализа и да се отвори расправа и во Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.